9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизија

9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизија

Просечниот човек гледа телевизија по 4 часа на ден. Пресметајте колку потрошени часови се тоа на неделно ниво! А на месечно? Можете ли да си го замислите животот без телевизија? Ова се 9-те работи што ќе ви се случат доколку решите да се откажете од оваа бескорисна навика…

9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизија

1. Прво, нема да имате поим што да правите со себе

Ќе имате многу слободно време и на почетокот нема да знаете како да го искористите. Цело време ќе го чепкате телефонот и ќе проверувате дали сте добиле нова порака.

2. Ќе мислите дека немате за што да разговарате

Мислевте дека ако излезете со пријателите ќе успеете да ја одбегнете телевизијата, но тогаш сите почнуваат да зборуваат за најновата епизода на „Игра на тронови“, а вие немате поим за што се работи и се чувствувате изоставени.

3. Но, тогаш ќе сфатите колку многу слободно време имате

Замислете си што сѐ можете да направите за тие 5 часа дневно што претходно сте ги трошеле на гледање телевизија! Конечно можете да научите да свирите на некој музички инструмент, да го средите плакарот или да одите на пилатес. Можностите се бесконечни!

4. Можеби ќе паднете во искушение

Си ветивте дека ќе се откажете од телевизија. Но, тогаш слушнавте дека новата епизода од „Живи мртовци“ е навистина одлична и си помисливте дека не е ништо страшно доколку ѕирнете што се случило. Одлуката останува на вас, но размислете за момент колкава контрола има телевизијата врз вас.

5. Ќе прочитате многу книги

Познати ви се оние романи што ви фаќаат прашина на полиците и никако не успевате да ги прочитате поради некоја непозната причина? Зграпчете го денот! Сега е време да го направите тоа! Можеби конечно ќе ја довршите „Војна и мир“ од Толстој.

9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизија

6. Подобро ќе спиете

Гледањето телевизија половина час пред да си легнете можеби ви се чини безопасно, но според експертите тоа го нарушува квалитетот на сонот. Сината светлина од телевизорите и компјутерите го намалуваат лачењето на мелатонин во вашето тело, што може да ви предизвика проблеми со спиењето.

7. Можеби ќе започнете ново хоби

Кога ќе си дојдете од работа, наместо да се наместите пред телевизорот, сега ќе можете да правите нешто многу покорисно. Можете да се запишете на јога или да почнете да изучувате некој странски јазик. Ќе бидете толку зафатени со новите предизвици со кои ќе се соочувате што сосема ќе заборавите дека сте ја пропуштиле најновата епизода од вашата омилена серија.

8. Ќе стекнете нови пријатели

Ако во вашето друштво се зборува само за она што се случува во куќата на Големиот брат, проширете го кругот на пријатели и најдете луѓе со кои ќе можете да зборувате и на други теми. Како на пример за сите оние книги што ги имате прочитано.

9. Со текот на времето ќе го пронајдете совршениот баланс

Откако ќе се ослободите од вашата зависност од гледање телевизија, одберете неколку серии кои ги обожавате и постепено вратете ги во вашиот распоред. На овој начин ќе направите разлика помеѓу работите што навистина ви се допаѓаат и емисиите што ги гледате само затоа што немате попаметна работа. Разумното гледање телевизија е најдобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар