9 психолошки трикови со чија помош можете да ги изиграте вашите пријатели

9 психолошки трикови со чија помош можете да ги изиграте вашите пријатели

Постојат голем број психолошки трикови со кои можете да си го олесните секојдневието, но и со чија помош можете да си поиграте со вашите најблиски. Некои од нив се толку едноставни што можете дури и секојдневно да ги применувате без никој да забележи. Погледнете дел од нив…

9 психолошки трикови со чија помош можете да ги изиграте вашите пријатели

1. Лист, камен, ножички

Станете шампион во оваа игра така што пред да почнете ќе му поставите какво било прашање на вашиот соговорник. По прашањето, веднаш почнете со играта и големи се шансите дека тие инстинктивно ќе покажат ножички со цел да се одбранат.

2. Пронаоѓачи на чист пат

Дали некогаш сте посакале да имате моќ со само еден поглед да ја исчистите гужвата пред вас? Според овој трик, изгледа дека токму тоа и можете да го направите. Кога сте во гужва, погледнете во онаа насока каде што сакате да се движите и одеднаш патот пред вас ќе се расчисти. Луѓето имаат тенденција да гледаат во очите на другите кога се движат, со цел да можат безбедно да одат во спротивната насока.

3. Игра со зборови

За да се забавувате малку со зборовите, секогаш кога ќе разговарате со одредена личност, одберете еден збор. Кога соговорникот ќе го изговори овој збор или кој било збор кој има слично значење, вие насмејте се, кимнете со главата или дадете каков било вид позитивна афирмација. Набрзо, вашиот соговорник ќе почне да го користи овој збор во скоро секоја наредна реченица.

4. Уништете ја песната која ви е заглавена во глава

Доколку постојано ви се врти одредена песна во вашата глава, едноставно помислете на нејзиниот крај. Според Зигарниковиот ефект, вашиот мозок има тенденција да размислува посилно за оние нешта кои ви се незавршени, па токму затоа размислувањето за крајот на песната ќе ви помогне побрзо да го завршите овој бескраен круг и да ја исфрлите песната од вашата глава.

5. Детектор за демнач

Дали ви се случило понекогаш да имате чувство дека некој ве набљудува, но да не бидете сигурни во тоа? Со цел да ја проверите вашата теорија, едноставно зевајте додека го држите „осомничениот“ во вашето видно поле, без притоа да гледате директно во него/неа. Доколку и тој/таа почне да зева, тогаш можете да бидете сигурни дека ве набљудувале.

6. Таткова мудрост

Доколку сакате луѓето да почнат да ве сфаќаат посериозно, кажете им дека сè она што го зборувате сте го научиле од вашиот татко. Луѓето имаат тенденција безрезервно да веруваат во татковите совети.

7. Зборување и подавање

Ако сакате да ги натерате вашите пријатели да носат нешто за вас, тогаш едноставно зборувајте им додека им го подавате вашиот товар. Повеќето од нив автоматски ќе го земат тоа што им до подавате без воопшто да размислат. Но, дел од нив ќе се збунат и нема да знаат што да направат.

8. Потврдни одговори

Натерајте ги другите да се согласат со вас така што ќе кимнете со главата додека поставувате прашање. Ова движење ќе ги натера оние околу вас да мислат дека тоа што го кажувате е вистинито, па токму затоа брзо ќе извлечете едно потврдно „да“ од нив.

9. Трикот со брокула

Натерајте ги вашите деца да јадат брокула, така што наместо да ги прашате дали сакаат воопшто, прашајте ги дали сакаат 2 или 5 парчиња. На овој начин вие веќе сте го направиле главниот избор за нив, па тие ќе мислат дека ќе добијат одличен договор со тоа што ќе изберат најмалку брокули што можат. Овој трик може да се прошири и за други видови зеленчуци, па и ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар