9 причини зошто растењето со цртаните филмови од 90-тите години ве направило подобра личност денес

9 причини зошто растењето со цртаните филмови од 90-тите години ве направило подобра личност денес

Се сеќавате на вашето детство? Помните колку многу ги сакавте цртаните филмови и колку често се поистоветувавте со главните ликови? Погледнете ги наредниве 9 причини зошто децата кои растеле со цртаните филмови од 80-тите и 90-тите имале многу подобро детство во споредба со оние кои денес растат со смартфони и екрани на допир…

9 причини зошто растењето со цртаните филмови во 90-тите години ве направило подобра личност

1. Цртаните филмови беа причина за будење

Се сеќавате на времето кога не ви беше никаков проблем дури и за викенди да станете во 6 часот само за да можете од почеток да ги гледате цртаните филмови кои толку многу ги обожававте? Идејата дека ќе се гледаат цртани филмови беше она што ве одржуваше будни, мотивирани и желни за живот.

2. Тие ве инспирираа да цртате

Цртаните филмови нè инспирираа да ги цртаме нашите омилени ликови на последните страници од тетратките за училиште. Денес е многу тешко да се цртаат новите ликови од анимираните филмови бидејќи децата забораваат на својата креативност покрај сите можности кои ни ги нуди технологијата…

3. Со нивна помош учевте дека животот не секогаш е розов

Плановите се менуваат, личностите во кои имате целосна доверба изневеруваат, ништо не е онака како што изгледа… Овие цртани филмови на детски начин ни ја покажуваа вистинската боја на светот и нè подготвуваа за реалноста.

4. Секогаш постои лекција

И покрај тоа што лекцијата не секогаш беше очигледна, секој цртан филм од 80-тите и 90-тите години успеваше да нè научи на нешто ново. Сè што беше потребно е да ги отворите вашите очи и ум и активно да ја следите приказната…

5. Добивавте сексуална едукација дури и ако не го забележувавте тоа

Токму тука и е убавината на цртаните филмови. Преку невина и детска игра тие ве научија на вредности кои и ден-денес ве водат безбедно низ животот…

6. Ви покажаа што точно значи одговорноста

Редовното следење на вашиот омилен цртан филм кој почнуваше по завршувањето на часовите е можеби првата обврска која сами сте решиле да ја почитувате. Децата на овој начин ја разбираа важноста на приоритетите, а тоа е една од најважните лекции кои можат да се научат.

7. Ве научија да заземете став и да се држите до него

Цртаните филмови беа можеби првото нешто во нашиот живот кое сме го бранеле. Без разлика дали станува збор за дебата со родителите или пријателите, вие секогаш знаевте како да го одбраните тоа што го сакате и да го поддржите со цврсти факти. Сигурни сме дека и денес се однесувате на истиот начин кон вашите ставови.

8. Научивте како да бидете трпеливи

Порано немаше можност онлајн да им пристапиме на сите епизоди од нашиот омилен цртан филм. Доколку сакавте да ги гледате, мораше да чекате од една до друга епизода. Но, токму таа возбуда од исчекувањето ја правеше и самата епизода да биде многу подобра во вашите очи.

9. Модели на однесување

Сите ние имавме еден лик од цртаните филмови на кои бескрајно му се воодушевувавме. Тој беше нашиот модел на однесување и ние се обидувавме да бидеме колку што е можно послични на него. Кој можеше во тоа време да нè убеди дека суперхероите не постојат? Нашата цел беше да го направиме светот подобар и токму на тоа нè инспирираа ликовите од цртаните!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар