9 особини кои вонземјаните мора ги поседуваат

9 особини кои вонземјаните мора да ги поседуваат

Сликата што Холивуд ни ја дава за вонземјаните воопшто не е реална и служи само за потребите на нивните филмови. Ако ги прашате научниците какви карактеристики би можеле да имаат вонземјаните, тие ќе ви дадат десетици одговори за нивниот можен изглед и однесување. Секој од нив има свои теории, секој има свои видувања, но сите се едногласни кога станува збор за одредени карактеристики кои нашите идни пријатели или непријатели од други галаксии би морале да ги имаат.

9 особини кои вонземјаните мора ги поседуваат

1. Агресивност

За еден вид да опстои на одредено подрачје тој треба да ги покори опасностите кои му стојат на патот кон опстанокот. Вонземјаните со кои ние евентуално би воспоставиле контакт мора некако да доминираат на својата планета, а на другите видови да гледаат како на ресурс, како што ние гледаме на растенијата и на животните.

2. Истражувачи

Ако некој вонземски вид стигне до нашата планета, тогаш тој мора да е истражувачки вид. Стивен Хокинг вели дека ако тие дојдат кај нас сигурно би биле интелигентни и не би започнале војна веднаш, туку би барале начин како да ги искористат овдешните ресурси во своја полза. Нешто слично како што правеле Европејците по откритијата на Марко Поло и Кристофер Колумбо.

3. Имунитет

Вонземјаните нема да умрат од вирусите и бактериите на Земјата, затоа што имаат имунитет кога тие се во прашање. Вирусите и бактериите кои се на Земјата можат да опстанат само во средини со кои се биомеханички поврзани, така што оние со кои ние се соочуваме можат да преживеат само со нашата ДНК. Ако се закачат на вонземски вид, нема да му можат ништо.

4. Не јадат луѓе

Научниците сметаат дека вонземјаните нема да нè изедат ако дојдат овде од повеќе причини. Вид кој патува низ вселената веројатно ја има потиснато и надминато потребата да јаде живи суштества, а прашање е и колку би можел да се нахрани од луѓето или овдешните животни. Исто така, на бродот со кој патуваат низ галаксиите сигурно би имало доволно храна за нив.

5. Убиваат на софистициран начин

Ако дојдат со лоши намери, тој интелигентен вид сигурно нема да нападне варварски како во „Војна на световите“. Ако најдете бубашваби во вашиот дом, нема да ги убивате една по една, туку ќе употребите некакво хемиско средство кое наеднаш ќе ги убие сите. Научниците очекуваат и евентуално лошите вонземјани да го сторат истото.

9 особини кои вонземјаните мора ги поседуваат

6. Супер интелигентни

Ако дошле до овде тогаш мора де се супер интелигентни, тоа е јасно. Иако се претпоставува дека се агресивни, за очекување е да надвладува нивната интелигенција и да бидат рационален вид кој повлекува пресметани потези. Во филмовите често пати се претставени како варвари, но факт е дека такво поведение демонстрираат само ниско интелигентните видови, а не такви кои знаат како да отпатуваат од една во друга галаксија.

7. Не се човеколики

Човекот го добил својот облик како резултат на сопствената еволуција во средината во која живеел. Ако планетата од која доаѓаат вонземјаните нема дрвја и планини, тие сигурно ќе се развијат на поинаков начин. Можеби и личат на луѓе, но шансите за тоа се многу мали.

8. Имаат јазик и писмо

Секоја развиена цивилизација има свој јазик и писмо за комуникација. Овие вселенски патници мора да имаат развиено и уште понапреден начин на комуникација помеѓу галаксиите.

9. Немаат супермоќи

Вид којшто развил технологија за патување во вселената сигурно престанал да еволуира физички и затоа може да се очекува дека не се нешто особено физички моќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар