9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

Дали би пробале една од најотровните риби на светот, овчо сирење со ларви од инсекти или змиско вино? Секој народ има свои специјалитети, а денес ви прикажуваме дел од најнеобичните јадења кои постојат во светот.

1. Санаки, жив октопод (Кореја)

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

Октоподот се сече на парчиња додека сѐ уште е жив, се прелива со масло од сусам и веднаш се сервира. Можете да видите како сѐ уште мрда додека стои во вашата чинија. Јадењето жив октопод не само што е ментален предизвик затоа што ќе морате да се соочите со фактот дека вие јадете нешто што сѐ уште мрда, туку исто така и физички затоа што ќе морате малку да се борите со вашата храна за да го почувствувате нејзиниот вкус.

2. Кисела харинга (Шведска)

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

Едно од најчудните јадења на светот е оваа балтичка харинга. Таа може да се пронајде на полиците во супермаркетите во Шведска. Харингата е сурова и се наоѓа во конзерви во кои се става за да се спречи гниењето на рибите. Процесот на ферментација трае околу 6 месеци и на рибата ѝ дава солено-кисел вкус.

3. Копи Лувак (Индонезија)

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

Најретките и најскапите кафиња на светот се прават од измет на животните кои потсетуваат на мачки, односно од едни диви животни кои се со изразени очи, издолжена муцка и многу остри канџи и заби. Овие ѕверки во текот на ноќта се искачуваат по дрвјата, каде што ги берат и ги јадат само најдобрите зрна кафе и откако ќе ја изгризат надворешноста, го проголтуваат внатрешното тврдо зрно, кое го исфрлуваат преку изметот.

4. Фуга (Јапонија)

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

Дали сте слушнале за фуга? Со оваа риба треба да бидете многу внимателни, затоа што таа е една од најотровните на светот и ако не се подготвува правилно, може да ве убие. Овој деликатес е многу популарен во Јапонија и може да го подготвуваат само вешти готвачи. Отровните органи и кожата внимателно се отстрануваат и она што останува е вкусното месо. Поради тоа во Јапонија го подготвуваат само специјални експерти кои се обучени за подготовка на тој вид риба, а рестораните мораат да поседуваат специјална дозвола за нивно послужување. Поради непрофесионална подготовка на овој чуден специјалитет, имаат починато 15 лица. Тој се јаде во зимскиот период, кога се лови фугата.

5. Касу Марзу (Сардинија)

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

Станува збор за овчо сирење кое во себе содржи ларви од инсекти и е многу популарен производ во Сардинија. Најчесто се јаде со ларвите.

6. Вино од змија (Виетнам)

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

Змиското вино е алкохолен пијалак кој се добива така што во шишето со вино се става цела змија. Се верува дека отровот на смртоносните змии како што е кобрата или ѕвечарката, може да биде разложен со долготрајното стоење во алкохол и дека она што останува во шишето им дава на луѓето сила и виталност, а според традиционалната кинеска медицина, може да оживее и човек.

7. Балут (Филипини)

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

Можеби сте изненадени секој пат кога ќе отворите Киндер јајце, но ништо не може да се спореди со изненадувањето што се крие во Балут јајце од Филипините. Станува збор за јајце од патка или кокошка со речиси развиен ембрион. Најпрво се срка течноста која го опкружува ембрионот, а потоа се лупи јајцето и се јаде содржината која има коски, клун и пердуви на ембрионот. Ова е толку честа храна во овие земји, што дури се продава и на уличните штандови.

8. Печена тарантула

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

За овој десерт да се најде во вашата чинија, готвачот претходно би требало да убие тарантула. Тоа се прави со прободување со стап или нејзино давење во врела вода. Тарантулата стои во маринада направена од шеќер, сол, пилешка супа и локални зачини, а потоа се пржи во масло. Може да се купи на улица и да се јаде како ужина.

9. Хагис (Шкотска)

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

Црниот дроб, белиот дроб и срцето на овцата во Шкотска се вистински деликатес. Тој може да се најде во рестораните и е дел од постојаните менија на повеќето пабови. Типично се послужува со кромид, закини, каша од јачмен и супа, а за да добие посебен шарм, се додава и варен желудник од овца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар