9 начини да ја користите алуминиумската фолија за кои досега сигурно не сте знаеле

Секоја кујна содржи алуминиумска фолија во една од фиоките, но ретко кој знае дека покрај нејзината конвенционална употреба, алуминиумската фолија може да се користи и на неколку други начини кои можат значително да го олеснат секојдневието. Во продолжение прочитајте ги овие 9 интересни начини на кои можете да ја употребите алуминиумската фолија, за кои веројатно досега не сте слушнале.

9 начини да ја користите алуминиумската фолија за кои досега сигурно не сте знаеле

1. Омекнете го кафеавиот шеќер така што ќе го смотате во алуминиумска фолија и ставете го во рерна загреана на 150°C, на 5 минути. Така добиениот шеќер можете да го додавате во кафето или своите омилени колачи и да бидете сигурни дека ќе биде стопен.

2. Доколку сакате вашиот леб, колачи или печива да останат свежи и меки, замотајте ги во алуминиумска фолија.

3. Вратете го сјајот на своите омилени сребрени предмети: Прекријте го дното на една тава со алуминиумска фолија, ставете малку вода и додадете 2 лажици сол. Ставете го вашето сребро во оваа смеса и оставете да делува 3 минути. Почекајте да се исуши и потоа пребришете го со крпа. Среброто ќе сјае како ново.

4. Направете топка од алуминиумска фолија и искористете ја за чистење на тавите, лонците, тенџерињата и решетките од скарата и рерната.

5. Исчистете го накитот така што ќе го прекриете дното на едно тенџере со алуминиумска фолија и ќе додадете прашок за перење облека. Потоа, само измијте го накитот со вода и оставете го да се исуши.

6. Олеснете си го пеглањето на облеката така што ќе ја прекриете штицата за пеглање со алуминиумска фолија и ќе ставите крпа преку неа. На тој начин ќе ги испеглате двете страни истовремено и ќе заштедите време.

7. Пеглата можете да ја исчистите со алуминиумска фолија.

8. Свиткајте ја фолијата неколку пати и исечете ја со ножици. Тоа убаво ќе ги наостри ножиците.

9. За да ги заштитите растенијата од инсекти, ставете неколку парчиња алуминиумска фолија помеѓу нив.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар