9 митови кои не ни дозволуваат да разбереме што навистина е шизофренијата

9 митови кои не ни дозволуваат да разбереме што навистина е шизофренијата

Не постои болест која е мистериозна колку шизофренијата. За жал, со неа се поврзани многу недоразбирања. Ова нарушување е навистина „интересно“, но нашата неможност да го разбереме уште повеќе им ги отежнуваат животите на луѓето кои страдаат од него. Овие недоразбирања им пречат во социјализирањето и прават да се срамат од своето нарушување. Погледнете за кои недоразбирања и митови станува збор.

1. Главниот знак за шизофренија е имањето повеќе личности

9 митови кои не ни дозволуваат да разбереме што навистина е шизофренијата

Името на болеста може да се преведе како „повеќе умови“, а не „повеќе личности“. Ова значи дека не сите луѓе со шизофренија слушаат гласови или имаат повеќе личности. „Разделувањето“ на умот може да води до променливо расположение. На пример, личноста може навистина да мрази нешто, а за 5 минути да го промени мислењето. Или пак може навистина да жали ако ѝ умре миленичето, но да биде целосно смирена кога ќе умре некоја блиска личност.

2. Шизофренијата е ретка болест

9 митови кои не ни дозволуваат да разбереме што навистина е шизофренијата

Иако не звучи како многу, околу 1% од населението страда од шизофренија. А ова е многу повеќе отколку што мислите. На пример, хемофилијата, болест за која имаат слушнато многумина, се појавува кај 1 од 10.000 луѓе. Шизофренијата се појавува кај околу 5 од 1.000 луѓе.

3. Луѓето со шизофренија се непредвидливи и опасни за општеството

9 митови кои не ни дозволуваат да разбереме што навистина е шизофренијата

Ова недоразбирање е прославено благодарение на холивудските филмови. Луѓето со шизофренија не се поагресивни од оние кои ја немаат. Најчесто тие се жртви на агресија, а не агресивни личности. Некои луѓе со ова нарушување може да имаат антисоцијално однесување кое може да се третира со лекови.

4. Најлошиот дел од болеста се халуцинациите

9 митови кои не ни дозволуваат да разбереме што навистина е шизофренијата

Халуцинациите и заблудата се најчестите причини за чудното однесување и барање помош од психијатар. Но денес халуцинациите се лесни за третирање. Постојат многу лекови наречени антипсихотици со кои се третираат овие симптоми. Најлошото нешто за луѓето кои страдаат од шизофренија се несаканите ефекти од овие лекови. Тие предизвикуваат поспаност, неспособност за комуникација, недостаток од емоции и вегетативни симптоми. Исто така им отежнуваат на луѓето да побараат помош, да стекнуваат нови пријатели, па дури и да работат.

5. Само луѓето со шизофренија слушаат гласови

9 митови кои не ни дозволуваат да разбереме што навистина е шизофренијата

Ако одвреме-навреме слушате гласови, тоа е сосем нормално. Се смета дека помеѓу 5% и 15% од возрасните луѓе ќе искусат аудитивни халуцинации во текот на нивниот живот. Всушност, бројката можеби е уште поголема, но луѓето не признаваат бидејќи им е страв дека ќе ги сметаат за луди. Слушањето гласови најчесто се случува кога личноста е изложена на стрес, е преморена или е пред заспивање.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар