9 интересни факти за Леонардо ди Каприо

Леонардо ди Каприо е еден од најпознатите глумци во светот кој бил дел од неколку незаборавни и иконски филмови, но дали ги знаете овие 9 интересни факти за него?

9 интересни факти за Леонардо ди Каприо

Изгледа дека актерот е многу повеќе од оние негови карактери кои ги гледаме на големото филмско платно. Под сите тие комплексни улоги и симпатично лице се крие личност која верувале или не е нормална како и сите нас. Имајќи го тоа на ум, прочитајте ги наредниве факти кои најверојатно не сте ги знаеле за него…

1. Името го добил според Леонардо да Винчи

Додека била бремена, мајка му на Леонардо посетила уметничка галерија. Стоејќи пред цртежите на Леонардо Да Винчи го осетила првиот удар од својот син. Токму тогаш татко му рекол, „Неговото име мора да е Леонардо“.

2. Тој навистина крварел за една сцена од „Django Unchained“

Додека се снимала сцената, Лео ја удрил својата рака на масата и случајно ја исекол. Бидејќи не сакал да го прекине снимањето, тој ја игнорирал болката и продолжил со глумењето без колебање. Потоа допирајќи ја Кери Вашингтон, ја размачкал својата крв на нејзиното лице, правејќи ја оваа сцена уште позастрашувачка.

3. Неговото средно име е Вилхелм

Да, Вилхелм. Добро прочитавте. Леонардо Вилхелм ди Каприо. Тоа дефинитивно е име кое не се заборава лесно.

4. Страдал од опсесивно-компулсивно нарушување

Како дете, Лео страдал од „OCD“. И покрај тоа што сѐ уште има потреба да следи одредени ритуали, тој може да ги тргне настрана опсесивните чувства. Ѕвездата вели, „Способен сум во еден момент да си кажам дека се однесувам смешно и да се натерам да престанам да газам на секоја дамка од мастика која ќе ја здогледам. Едноставно не мора да го правам тоа.“

5. Тој е заштитник на животната средина

Лео е активен во оваа област и прави многу за да ја заштити животната средина. И покрај тоа што е еден од најголемите холивудски ѕвезди, тој лета со комерцијални летови наместо со приватни. Исто така вози автомобил кој не ја загадува средината и постојано донира во здруженија кои се борат за истата цел. Добриот Лео има основано фондација чија главна цел е „поддржување на напорите да се осигура безбедна иднина за нашата планета.“

6. За малку ќе станел Лени Вилијамс

Во почетокот на неговата кариера, многу агенти го одбивале бидејќи сметале дека неговото име едноставно нема да се вреже во умовите на луѓето, а со тоа и губел многу работа. Кога имал 10 години, еден агент му рекол дека ќе прифати да работи со него доколку Лео го променил името во Лени Вилијамс. Сите сме пресреќни бидејќи не ја прифатил оваа идеја.

7. Глуми од својата 5-та година

Лео имал само 5 години кога ја добил својата прва улога. Се појавил во телевизиското шоу „Romper Room and Friends“, неговото омилено шоу во тоа време и за малку ќе го исфрлеле од сетот бидејќи бил непослушен.

8. Тој е мамин син

Неговите родители се развеле уште кога тој имал една година и токму затоа уште од мал e многу близок со мајка му, а тоа е нешто што дури ни огромната популарност не успеала да го промени. Тие секогаш наоѓаат време да се видат, а многу пати тој ја носи со себе и на црвениот килим.

9. Тој никогаш не добил Оскар

Во ред, овој факт не припаѓа во категоријата „интересни“, но мора да се спомне бидејќи е огромно изненадување. Верувале или не, тој никогаш не успеал да добие Оскар без разлика на тоа што бил номиниран многу пати. Тешко е да се верува дека човекот кој имал толку иконски улоги и кој глумел во толку популарни филмови сѐ уште не добил ваква пофалба за својата одлично завршена работа.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар