9 цитати кои ќе ви помогнат да го вратите мирот во вашите мисли

9 цитати кои ќе ви помогнат да го вратите мирот во вашите мисли

Нашите умови се алатки за помнење и резонирање. Не можеме да бидеме лути само затоа што понекогаш трчаме напред без продуктивно водство, но можеме да имаме мера за да се осигуриме дека ќе бидеме среќни. Прочитајте ги овие цитати кога ќе почнете премногу да размислувате или формулирајте свои, и следете ги секогаш кога вашиот ум ќе работи, како што се вели, 200 на час.

9 цитати кои ќе ви помогнат да го вратите мирот во вашите мисли

„Мирниот ум може да ја слушне интуицијата, без оглед на стравот.“

Умот е дом на многу гласови и изрази. Доколку не работиме на тоа да го искористиме целокупниот капацитет, некои од тие изрази можат да бидат изгубени.

„Отпуштете се. Не дозволувајте минатото да ја уништи сегашноста.“

Минатото е непроменливо, но нашите потсетувања на раните случки честопати се менуваат, зависно од расположението и ситуацијата. Колку и да звучи клише, трудете се да живеете во сегашноста и не се преоптоварувајте со дополнителни верзии на минатото.

„Не можете сѐ да контролирате, немојте ниту да се обидувате. Ценете, не манипулирајте.“

Можете вистински да го контролирате само она што се случува во вашиот ум. Можете да имате влијание на целиот свет околу вас, но никогаш не можете нешто вистински да контролирате.

„Претераното размислување не води до среќа.“

Не можете сами да ја измислите среќата. Таа е емоција која не можете да ја рационализирате. Кога ќе се посветите на сегашните моменти, повеќе среќа ќе добивате од искуствата.

„Непродуктивните мисли се како затворски решетки за умот, не трошете ја енергијата за затворање на својот потенцијал.“

Ние сме бесконечни суштества способни за неверојатно изненадувачки подвизи и достигнувања. Единствените пречки кои ни стојат на патот се нашите сопствени ограничувања или оние кои дозволуваме другите луѓе да ни ги наметнат. Се ограничуваме себеси за да се заштитиме од неуспехот и непријатностите. Ослободете се од своите стравови и очекувања. Следете го срцето.

„Грижата е како седење на нишалка, понекогаш она што вклучува движење не ве води никаде.“

Ова може да изгледа како критичка мисла за успехот, но вистината е сосема спротивна. Планирањето и анализирањето на можностите е корисна работа, но постои тенка линија помеѓу свеста и грижата. За да ја ограничите негативноста, спознајте ги своите стравови и желби, прифатете ги и ослободете се од нив.

„Забавете. Не зборувајте пред да сослушате. Размислете пред да реагирате. Пред да осудите, простете. Пред да се откажете, обидете се.“

Разликата помеѓу претераното и јасното размислување е во квантитетот наспроти квалитетот. Забавете, дишете длабоко и внимателно дејствувајте. Откако нешто ќе направите, тоа не можете да го избришете.

„Вашите мисли можат да станат вашиот најголем проблем во животот.“

Претераното размислување ја намалува енергијата. Создава несакани последици како стрес, несигурност, ароганција или депресија. Ако не живееме свесно, можеме да создадеме проблеми онаму каде што ги нема и да ги влошиме оние кои веќе ги имаме.

„Не вознемирувајте се околу тоа што може да тргне на лошо, бидете возбудени за сѐ она што може да тргне на добро.“

Иднината е мистерија, а ние имаме тенденција да ги проектираме нашите желби и стравови кон непознатото. Но, бидејќи сѐ е погодување и предвидување, тогаш зошто не би се фокусирале на она што може да биде позитивно?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар