9 чудни работи што ги прави вашето тело, а не сте знаеле дека се одбранбен механизам

Нашите тела имаат бројни биолошки циклуси и системи, кои честопати е тешко целосно да се разберат. Тие нѐ штитат 24 часа на ден, 7 дена во неделата, од многу работи кои би можеле да ни наштетат. Погледнете ги овие 9 фасцинантни работи кои ги прави вашето тело, а што можеби не сфаќате дека се во улога на одбранбени механизми.

1. Проѕевање

Главната цел на проѕевањето е да се олади мозокот кој работел премногу.

9 чудни работи кои ги прави вашето тело, а не сте знаеле дека се одбранбен механизам

2. Кивање

Вообичаено вие кивате кога носните празнини ви се исполнети со премногу алергени, бактерии, прав или други надразнувачи. Кивањето е начин да се ослободите од ова „ѓубре“.

9 чудни работи кои ги прави вашето тело, а не сте знаеле дека се одбранбен механизам

3. Протегање

Вие инстинктивно се протегате со цел да го подготвите вашето тело за физичкиот напор кој ве очекува во претстојниот ден. Истовремено, протегањето ги раздвижува мускулите, помага при протокот на крвта и го подобрува вашето расположение.

9 чудни работи кои ги прави вашето тело, а не сте знаеле дека се одбранбен механизам

4. Икање

Кога јадете премногу брзо, голтате големи парчиња храна или едноставно се прејадувате, вие може да го иритирате вашиот вагус нерв. Ова е тесно поврзано со стомакот и дијафрагмата, па резултатот е икање.

9 чудни работи кои ги прави вашето тело, а не сте знаеле дека се одбранбен механизам

5. Миоклонични грчеви

Ова се однесува на она чудно чувство кога ќе легнете да спиете и како што ќе почнете да се опуштате, вашето тело се вознемирува за една секунда, што личи на електричен шок. Во овој момент ви се грчат мускулите толку силно што веднаш се будите. Овој феномен е резултат на фактот дека кога почнувате да заспивате, зачестеноста на дишењето опаѓа, вашиот пулс се намалува и мускулите ви се опуштаат. Најверојатно вашиот мозок ги толкува овие случувања како најавување смрт, така што тој се обидува да ве спаси.

9 чудни работи кои ги прави вашето тело, а не сте знаеле дека се одбранбен механизам

6. Брчки на кожата по изложување на вода

Брчките кои се појавуваат на вашата мокра кожа на рацете играат важна улога. Оваа појава е предизвикана од фактот дека кога вашето тело се соочува со зголемена количина влага, тој разбира дека животната средина може да биде лизгава. Па, кожата на вашите раце веднаш почнува да се променува на начин кој ќе ви направи полесно да ги фатите мазните површини.

9 чудни работи кои ги прави вашето тело, а не сте знаеле дека се одбранбен механизам

7. Губење на меморијата

Губењето на меморијата често се појавува по појавата на некои непријатни искуства. Вашиот мозок буквално ги брише најстрашните моменти од вашите сеќавања за да ве заштити.

9 чудни работи кои ги прави вашето тело, а не сте знаеле дека се одбранбен механизам

8. Наежување

Примарната функција на наежувањето е да ја намали количината на топлина која вашето тело ја губи преку порите на вашата кожа, притоа правејќи полесно да се загреете во непријатните климатски услови.

9 чудни работи кои ги прави вашето тело, а не сте знаеле дека се одбранбен механизам

9. Солзи

Освен тоа што дејствуваат како заштита на слузницата на вашите очи, солзите служат и како инструмент за „емоционална одбрана“. Научниците веруваат дека во ситуации на стрес, телото создава нов, моќен извор на иритација, со цел да се одвлече лицето од болката која ја доживува.

9 чудни работи кои ги прави вашето тело, а не сте знаеле дека се одбранбен механизам

Ова се само некои од причините зошто треба да им бидете благодарни на вашите тела затоа што ве штитат секој ден. Не заборавајте да се релаксирате, вашето тело тоа го заслужува!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар