9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

Некои места може да изгледаат привлечно за да ги посетите, но ако подобро ја запознаете нивната приказна тоа нема да биде случај.

1. Мостот Овертоун во Шкотска

Мостовите добиваат на морничавост кога луѓето скокаат од нив во обид да си го одземат животот. Овде тоа не е случај, затоа што не скокаат луѓето туку кучињата. Мостот Овертоун во селото Милтон во Шкотска е место каде што поради некоја непозната причина кучињата скокаат за да се самоубијат. Селаните велат дека сигурно има над 600 кучиња кои досега го сториле тоа. Дури забележале и некои кои скокаат, но преживуваат, за потоа пак да се вратат на мостот и да скокнат во смрт.

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

2. Домот за пензионери Вилиџис во Флорида

Овој идиличен пензионерски дом во топлата Флорида е полн со доста витални луѓе во третото доба. Тие го направиле познат по тоа што, верувале или не, е полн со сексуално преносливи болести. Менаџментот на домот вели дека тоа е местото „каде што старите лица доаѓаат да си ги остварат соништата“, а луѓето кои живеат таму тврдат дека тоа е „Дизниленд за стари луѓе“. Причината е очигледна, но таа им носи и непријатен углед поради многуте секс скандали и големиот број случаи со сексуално преносливи болести.

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

3. Музејот Митер во Америка

При посетата на овој музеј ќе имате можност да ги видите сите оние работи од кои потајно се згрозувате додека гледате некои физички аномалии кај луѓето или животните. Полн е со ексхумирани тела, делови од телата на сијамски близнаци, бели дробови, мозоци… Потребен е силен стомак за да се издржи цела посета.

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

4. Џатинга, Индија

Џатинга е мало село во живописниот североисток на Индија кое има неславна репутација. Причината е тоа што овде птиците со цела сила летаат кон ѕидовите на куќите и зградите и се убиваат како да се камикази. Тоа изгледа како многу чудна и мистериозна појава, но некои локални научници ја објаснуваат со маглата во монсунскиот период кога птиците се дезориентирани и одат кон светлата на селото, па некои од нив без да сакаат се удираат во ѕидовите. На локалните жители не им останува ништо друго освен да ги убијат птиците кои се на умирање и со тоа да им ги скратат маките.

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

5. Свитвотер, Америка

Гратчето Свитвотер во Тексас е местото каде што се одржува најголемиот светски фестивал на ѕвечарки. Тука се собираат сите змии од овој вид од околината кои се шетаат слободно во природата за да учествуваат на паради за ѕвечарки, натпревар за најдолга змија, натпревар во јадење змии, натпревар во најдобар скротувач на змии и слични морничави змиски лудории.

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

6. Лили Дејл, Америка

Навидум нема ништо чудно во ова мало гратче во државата Њујорк. Луѓето си ја работат својата работа, децата си одат на училиште, луѓето си пијат кафе на мира во кафулињата, но и си зборуваат со мртвите. Лили Дејл е место со голем број луѓе кои ја негуваат духовноста, секој на свој начин, а многумина од нив „можат“ и да зборуваат со мртвите.

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

7. Паркот Ликин во Балтимор

Паркот Ликин е доста голем и полн со пешачки патеки. Претставува идилично место за релаксација и бегство од градската гужва, барем додека не наидете на коските на некој одамна починат човек. Не се знае како тие коски се нашле таму, но од 1946 до денес на површина излегле вкупно 68 луѓе кои му даваат морничав шмек на овој инаку прекрасен зелен дел од градот.

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

8. Шумата Аокигихара, Јапонија

Оваа шума сместена во подножјето на планината Фуџи станала позната според еден роман во кој луѓето љубовниците оделе таму да се самоубијат, но читателите тоа си го сфатиле сериозно и оттогаш има многумина кои одат таму од таа причина. Прошетка по оваа шума може да значи и средба со некој леш, со оглед на тоа што властите ја чистат само еднаш годишно.

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

9. Храмот Карни Мата во Индија

Овој храм е познат и како Храм на стаорците поради тоа што тие се неговите најбројни жители. Луѓето не ги бркаат оттаму овие мали животни од кои многумина се плашат или згрозуваат затоа што сметаат дека тие се таму во чест на божицата Карни. Се наоѓа во градот Дешноке во покраината Раџастан.

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар