8 знаци дека ве очекува голема парична добивка во блиска иднина

Ако работите на тоа да постигнете големо богатство во животот, сигурно се прашувате дали вашиот труд ќе биде награден. Иако нема сигурен одговор, постојат одредени знаци од универзумот што покажуваат дека наскоро ќе добиете голема парична добивка. Станува збор за 8 знаци што потекнуваат од дамнешни времиња, поточно од фенг шуи традицијата. Освен тоа, овие знаци можат да ви помогнат да процените кога треба да се одлучите за финансиско вложување или да се фокусирате на нов бизнис подвиг. Во продолжение прочитајте кои се тие 8 знаци од универзумот…

8 знаци дека ве очекува голема парична добивка во блиска иднина

1. Постојано го гледате бројот 8

Историски гледано, бројот 8 е од големо значење. На пример, во Кина тој се смета за еден од најсреќните броеви. Интересно е тоа што бројот 8 има потполно симетричен облик и претставува симбол на рамнотежата. Ако го проверите датумот 8/8/8, ќе видите дека огромен број луѓе во Кина одлучиле да се венчаат на тој ден, а куќите кои се наоѓаат на адреса што го содржи бројот 8 се многу барани. Па, доколку сте почнале насекаде да го гледате бројот 8 (на адресите, во телефонските броеви, на регистарските таблички), можно е да ве очекува голема добивка.

2. Добивате пари на одреден ден

Според фенг шуи, ако сте добиле пари на одреден ден (без разлика дали станува збор за подарок или добивка), тогаш може да очекувате уште пари во наредните недели и месеци. Имено, ако добиете пари на првиот ден од новиот месец или за време на полна месечина, можно е да ви се појави некакво богатство во животот. Можете да ја искористите оваа симболика во вашите креативни фантазии и да си замислувате како ги добивате парите што отсекогаш сте ги посакувале додека месечината е над вашата глава.

3. Очекувате бебе

Според древната кинеска мудрост, кога сте бремени, вие носите среќа во вас. Оттука потекнува старото верување дека обложувањето против бремена жена носи лоша среќа. Некои велат дека можете да привлечете финансиска добивка во животот само со тоа што ќе бидете во близина на бремена жена. Тоа значи дека ако вашата партнерка, пријателка или сестра очекуваат бебе, дел од таа среќа може да ви се пренесе и вам.

4. Инсектите се редовни гости во вашиот дом

Поголемиот дел од луѓето не сакаат да најдат инсекти во домот, но кафеавите инсекти, особено скакулците, се симбол на среќата во Тринидад. Луѓето во Кина понекогаш чуваат штурци во кафези поради нивната поврзаност со среќата. Речиси секаде во светот се верува дека пеперутките со темни бои носат позитивни вести за кариерата, што обично се поистоветува и со добри вести за зголемување на платата.

8 знаци дека ве очекува голема парична добивка во блиска иднина

5. Има меурчиња во вашето кафе

Можеби ќе ви звучи чудно, но постои верување според кое луѓето кои ќе видат меурчиња на површината на нивното кафе ќе имаат можност да уживаат во позитивни промени. Нареден пат, фрлете поглед на површината од кафето пред да го испиете. За разлика од тоа, Канаѓанците сметаат дека знак за среќа е кога ќе успеете да фатите цело меурче во лажица без да се распрсне. Вреди да пробате!

6. Имате многу ситни парички

Ако имате многу монети, може да привлечете поголема сума на пари во животот. Според фенг шуи, ако ги чувате монетите во кујна, тоа ќе ви помогне да стекнете финансиско богатство, додека руските суеверија тврдат дека ќе привлечете многу пари ако ги чувате монетите во шкаф или во вреќички насекаде низ домот.

7. Имате непријатна средба со птица

Можеби ќе мислите дека целиот свет ви е уништен доколку некоја птица одлучи да се „олесни“ на вашата глава, но оваа непријатна средба со птица всушност значи дека ќе добиете многу пари во блиска иднина. Па така, доколку се најдете во незгодна ситуација поради некоја птица, обидете се да ја гледате светлата страна на тоа.

8. Сте ги забележале вашите иницијали во пајакова мрежа

Ова е многу специфичен знак дека ви пристигнуваат пари и не е толку честа појава, па затоа треба да му обрнете внимание доколку го забележите. Многу луѓе навистина веруваат дека ќе имате среќа ако ги видите вашите иницијали во пајакова мрежа.

Можете да привлечете сѐ што ќе посакате, само доколку навистина верувате во тоа. Исто како што пајакот го привлекува неговиот плен, така и вие ќе можете да привлечете пари, успех, љубов и сѐ останато што може да ви донесе среќа.

Прочитајте ги и овие 10 народни верувања за привлекување пари.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар