8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

Автор: Димитар Гошевски

Природата на некои места на Земјата им дала повеќе отколку на други. Луѓето во овие места често знаат да го чуваат и користат природното богатство и со тоа да ги направат овие географски региони, бесценета атракција за локалното население, како и за туристите. За жал, на некои места, природата по многу години им го врти грбот и ни најавува дека полека треба да се збогуваме од нив. Еве 8 интересни места во Европа, кои ги чека лоша судбина:

1. Манастирот Лукедио во Италија

Манастирот бил изграден од цистерциjански монаси во долините на горниот дел на реката По, во 1123 година. Пределот е познат како Европската лулка на оризот. Имотот денес се нарекува „Principato di Lucedio“ (Кнежевскиот имот на Лукедио). Со оглед на тоа дека блиските алпски глечери сѐ повеќе и повеќе се топат, а количината на дождови е во константно опаѓање, додека за одгледувањето ориз е потребно многу вода, тешко веројатно е дека манастирот и понатаму ќе биде она што беше во последните 9 века.

8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

2. Олимпија, Грција

Родното место на Олимписките игри, долината во Олимпија се наоѓа на Пелопонез, во јужна Грција. Во последните неколку години, екстремно високите температури поттикнуваат сѐ повеќе вулкански ерупции. Во 2007 година, големи пожари го зафатија, а воедно и сериозно го уништија целиот предел. За среќа, археолошкото наоѓалиште остана неоштетено.

8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

3. Копенхаген, Данска

Поради својата приморска положба, главниот град на Данска, стана еден од големите комерцијални центри во дванаесетти век. Денес, нивото на морето, кое е во постојан пораст, му се заканува по живот на овој симболичен град. Врвни архитекти и инженери прават сѐ што е во нивна моќ (градбата на ново метро) за да го спасат градот од поплави, но за спасување на старите делови од градот, потребни се сериозни заштитни мерки.

8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

4. Ротердам, Холандија

Ротердам е вториот стар европски град кој е загрозен поради својата географска положба. Повеќе од половина град се наоѓа под нивото на морето. Со години овој европски центар зависи од канали и брани, како би се спасил од евентуална инвазија на водата околу него. Кон крајот на 90-тите беше изградена бариера висока 4,88 метри, наизглед како брана, но со ова не се ни оддалеку решени проблемите со надоаѓањето на водата.

8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

5. Даларна, Шведска

Неодамна во тундрите на Даларна беше пронајдено најстарото дрво во светот. Елата како дрво, доминира во шумите на Шведска и се употребува во повеќе индустрии. Името на покраината значи „долини“. Ова е популарна летна дестинација за жителите од југот поради добриот риболов, убавите кампови и густите шуми. Но, високите температури и ретките летни дождови би можеле да значат крај за овие шуми.

8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

6. Мит, Ирска

Плодната почва и долгогодишната земјоделска традиција му помогнале на округот Мит, од провинцијата Ленстер, да стане главен производител на компири во Ирска. Покрај фактот дека одгледувањето компири има длабоки врски со ирската историја, постои уште еден факт – тоа што еден просечен ирски граѓанин конзумира околу 100 килограми компири годишно. Според предвидувањата, покачувањето на летните температури и сушите кои претстојат во следните неколку декади би можеле да го искоренат компирот од оваа област.

8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

7. Каор, градот на долината околу реката Лот, Франција

Производството на вино во Каор, јужнофранцуски град, датира уште од времето на Римската Империја. Денес, лозјето во Каор прекрива повеќе од 41 километар квадратен. Гроздовите се крајно чувствителни на климатски промени, така што дури и најмала промена на температурата би можела да значи крај за винарската традиција, како на Каор, така и на многу други делови од земјата.

8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

8. Езерата на екот (Halligen), Германија

На северниот брег на Германија, се наоѓаат ниските острови, формирани од плимата на Северното Море. Повремените поплави тука создале еден специфичен екосистем, со плодно земјиште на кое лавандите цутат дури и лете, како и со растенија и живи суштества кои зависат од повремените приливи на солената морска вода. Но, оваа деликатна рамнотежа би можела да се наруши доколку порасне нивото на морето.

8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Олимп Reply

    Да ви кажам право, најповеќе од се ми е жал за јужните соседи. Тагувам за нивниот локалитет 🙂

Напиши одговор на Олимп Откажи одговор