8 видови профил-слики за Фејсбук кои треба да се забранат со закон

Не велиме дека не треба да бидете креативни со вашата профил-слика, но за некои фотографии, треба да размислите пред да ги поставите да ве идентификуваат на Фејсбук. Некои збунуваат, други делуваат идиотски, трети се неоригинални, а за некои едноставно нема потреба од дополнителен коментар.

1. Гушкање со дете кое не е ваше

Причина за забрана: Збунетост

1-8-vidovi-profil-sliki-za-fejsbuk-koi-treba-da-se-zabranat-so-zakon-kafepauza.mk

Без разлика дали се работи за вашето внуче, детето на соседите, на пријателите или она кое го чувате кога родителите не им се дома, ваквата профил-слика е многу збунувачка. Дури и кога се работи за ваши блиски пријатели, штом видите ваква слика поставена за профилна, веднаш ви доаѓа да се запрашате како наеднаш тие имаат 4-годишно дете.

2. Пар каде што двајцата ја имаат истата слика

Причина за забрана: Мрза, збунетост

2-8-vidovi-profil-sliki-za-fejsbuk-koi-treba-da-se-zabranat-so-zakon-kafepauza.mk

Не за џабе се вика профил-слика – треба да го идентификува вашиот профил. Не само што е збунувачки, особено со секој апдејт што ќе го направи кој било од вас, а стигнува до вашите заеднички пријатели, туку е и некако патетично – имате свој идентитет, така треба да биде и на Фејсбук.

3. Постер од настан кој го промовирате

Причина за забрана: Глупаво и тотално неефективно

3-8-vidovi-profil-sliki-za-fejsbuk-koi-treba-da-se-zabranat-so-zakon-kafepauza.mk

Разбирливо е дека кога организирате нешто сакате што е можно подобро да го испромовирате за да се појават што повеќе луѓе. Но, во реалноста, тешко дека некој ќе кликне на вашата профил-слика, ќе ги запише информациите за времето и местото и ќе си рече: хммм… може да одам на ова.

4. Претерано романтична слика од брат и сестра

Причина за забрана: Збунетост, засраменост (од тоа што го гледаме), морничавост

4-8-vidovi-profil-sliki-za-fejsbuk-koi-treba-da-se-zabranat-so-zakon-kafepauza.mk

Колку и да се сакате со братот/сестрата, не дозволувајте им на вашите пријатели да се сомневаат во вашиот однос.

5. Сонограм

Причина за забрана: Неоригиналност, бесмисленост, неетичност

5-8-vidovi-profil-sliki-za-fejsbuk-koi-treba-da-se-zabranat-so-zakon-kafepauza.mk

Знаеме дека сте многу возбудени што ќе донесете нов живот на овој свет, но почекајте барем додека излезе од стомакот. Докторите ги даваат ехо-снимките на пациентите откако претходно ја провериле состојбата на бебето, но во суштина, сите слики од ултразвук изгледаат скоро идентично, па она што ќе го ставите како профил-слика е всушност само приказ на бебе кое во тој момент изгледа како сите други.

6. Како од насловна на модно списание

Причина за забрана: Нереален приказ на себеси

6-8-vidovi-profil-sliki-za-fejsbuk-koi-treba-da-se-zabranat-so-zakon-kafepauza.mk

Иако ваквите фотографии се специфични за џет сетот, нас обичните луѓе нè прават да изгледаме прилично идиотски. Позирањето за вашите регуларни пријатели кои (најчесто) ве знаат како изгледате во живо нема никаква поента. Премногу шминка, Фотошоп обработка и поза како да сте Скарлет Јохансон, со најблаги зборови, ве прави смешни во очите на другите.

7. Слика на која некој е очигледно отсечен

Причина за забрана: Изгледа како да немате друга слика, глупавост, недостаток на естетика

7-8-vidovi-profil-sliki-za-fejsbuk-koi-treba-da-se-zabranat-so-zakon-kafepauza.mk

Колку што е глупаво двајца луѓе кои се заљубени да ја имаат истата заедничка слика од себеси на своите профили, толку е глупаво, а веројатно и малку повеќе, да поставите ваква слика на која очигледно вашата рака е префрлена врз нечие рамо, но ние не можеме да видиме на чие. Дали е тоа вашиот партнер? Или можеби вашиот бивш? Другарка која не испаднала добро, а вие баш овде изгледате најдобро што можете? Како и да е, глупаво е. И тотално неестетски.

8. Во теретана, истегнувајќи некој мускул

Причина за забрана: Зарем има потреба од објаснување?

8-8-vidovi-profil-sliki-za-fejsbuk-koi-treba-da-se-zabranat-so-zakon-kafepauza.mk

Оваа фотка може да го прескокне процесот на исмејување и осудување од пријателите и оди право на суд. Ова е веќе државен прекршок.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    da, drzaven prekrsok e toa sto nekoj so svoj trud sozdal ubavo telo koe vredi da se pokaze. Spored vas treba da se postiraat sliki vo kupaki ili dolna obleka od telo so okolu 20 kg visok salo. Uf kolku e toa privlecno za oko za razlika od drugoto 😉

    • Anonymous Reply

      А кај виде па ти дека препорачуваат нешо такво? Си барате сите оправдување да продолжите да ставате дебилни слики… ако!!!

  2. deal Reply

    Koj/a i da ja pisuval/a statijava edna rabota zabelezav , a toa e LJUBOMORA! 😀

  3. Danica Reply

    statijava treba da se zabrani so zakon!!!!!!!!!!!!!

  4. Mrza Reply

    spored statijava samo so slika od licna karta najubavo ke bide na profil,za da ne se zbunat tie kako avtorov….

  5. Goran Reply

    Poglupava statija ne sum procital.

  6. ........ Reply

    poglupavo nesto odamna nemam procitano

  7. ana Reply

    Za broj 4: osven ako ne si Cersei i Jaime Lannister 😛

  8. anonimen Reply

    E aj so vnuka mi da ne stavam slika, za da ne se zbunat prijatelite, da ne se prasaat od kade jas imam 4 godisna kerka. Bog da cuva :O

  9. јас Reply

    Дефинитивно треба да се забрани статијата!! Кога некој стави слика со внук/а брат / сестра пријателите знаат.. А некој ако сака да контролира профил и не е во пријателите, и се збуни.. Негов проблем..
    Денес изгубено и помешано е веќе се неможеме да ја гушнеме најдобрата другарка за да не бидеме разбрани дека сме лезб.. Неможеме да ги гушнеме нашите родители за да не помислат дека е нашиот партнер многу постар од нас..неможеме да ги гушнеме другарите за да не речат овие се геј.. Итн
    Светот оди во пропаст…

Остави коментар