8 видови летни обувки кои ги повредуваат вашите нозе

Летото е одлично време за експерименти и едноставно не можете да го поминете без нови обувки. Сепак, најдобро е да запомните дека чевлите не само што треба да одговараат на вашата облека, туку треба да бидат и добри за вашето здравје. Погледнете ги следниве 8 видови летни обувки кои ги повредуваат вашите нозе.

1. Патики

(1)8-vidovi-letni-obuvki-koi-g-povreduvaat-vashite-noze-kafepauza.mk

Предности:
  • Лесни
  • Удобни
  • Сè наменски
Недостатоци:
  • Рамна подлога

Рамната подлога на чевлите не може да го апсорбира шокот кога вашите стапала „удираат“ на земјата. Ова предизвикува неудобност во колената и стапалата.

Совет: Кога купувате патики, секогаш обрнете внимание на нивната подлога, но сепак најдобро е да одберете ортопедски. Немојте никогаш да вежбате во вакви обувки и избегнувајте да ги носите постојано.

2. Влечки со потпетица

(2)8-vidovi-letni-obuvki-koi-g-povreduvaat-vashite-noze-kafepauza.mk

Предности:
  • Визуелно ви ги издолжуваат нозете
  • Ги прават глуждовите потенки
Недостатоци:
  • Нестабилност

Овие чевли немаат ремчиња кои го фиксираат стапалото.

Совет: Немојте да ги носите често. Влечките се добри за на плажа, но кога одите во град може да предизвикаат пукање на петиците.

3. Еспадрили

(3)8-vidovi-letni-obuvki-koi-g-povreduvaat-vashite-noze-kafepauza.mk

Предности:
  • Удобни и лесни
  • Ѝ дозволуваат на кожата да дише
Недостатоци:
  • Рамна подлога

Дизајнот на овие чевли не ја нуди правилната потпора на стапалото, па најдобро е да не ги носите долго.

  • Не се водоотпорни

Овој стил не е за врнежливи лета.

  • Не траат долго

Подлогата може да се деформира за многу кратко време.

Совет: Одберете модел со врвки и не заборавајте на ортопедската подлога.

4. Апостолки

(4)8-vidovi-letni-obuvki-koi-g-povreduvaat-vashite-noze-kafepauza.mk

Предности:
  • Лесни за обување/собување
  • Отпорни на вода и песок
Недостатоци:
  • Тенка подлога, не пружат поддршка на стапалото
  • Не штитат од повреди
  • Стапалата брзо се заморуваат
  • Создаваат здебелување на кожата меѓу прстите

Совет: Оставете ги овие чевли за на базен или плажа и дајте им предност на обувките со подебела подлога.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар