8-те најснежни градови во светот

Зимата не е зима ако нема снег, зарем не? Колку и да сме пораснале и колку и да се чувствуваме возрасни, снегот секогаш нè радува. Впрочем, има ли нешто поубаво од прошетка во предвечерните часови, додека паѓаат крупни снегулки? Кај нас, оваа година нема многу снег, но затоа во овие градови го има во изобилие. Следуваат 8-те најснежни градови во светот кои го пленат сечие око со својата снежна белина.

8-те најснежни градови на светот

1. Валдиз, Алјаска

8-те најснежни градови на светот

Ова гратче е најснежното место во цела Америка, каде што годишно паѓаат преку 300 сантиметри снег. Тука живеат околу 4.000 луѓе, но тој број значително се зголемува поради туристите кои го сакат скијањето и риболовот, поради што го посетуваат ова место.

2. Аомори, Тохоку, Јапонија

8-те најснежни градови на светот

Аомори на јапонски значи „сина шума“, а овој град го добил своето име по снежните планини, езера и океанот кои го опкружуваат. Во овој град годишно паѓаат преку 300 сантиметри снег, а специфичната архитектура на Јапонија во комбинација со снегот дополнително влијае на магијата на ова место.

3. Сапоро, Хокаидо, Јапонија

8-те најснежни градови на светот

Во овој град годишно паѓаат скоро 200 сантиметри снег, што го прави еден од најснежните градови во светот. Сапоро е познат по јапонското пиво, но и по снежниот фестивал кој секој февруари брои повеќе од 2 милиони туристи.

4. Квебек, Канада

8-те најснежни градови на светот

Квебек е еден од најстарите градови во кој годишно паѓаат околу 150 сантиметри снег.

5. Тојама, Хокурику, Јапонија

8-те најснежни градови на светот

Јапонија нуди уште еден град кој припаѓа на листата на најснежните градови во светот, а тоа е Тојама. Тука, годишно паѓаат околу 140 сантиметри снег, а освен прекрасните снежни зими, тој исто така е познат и по тропските лета.

6. Сент Џонс, Њуфаундленд и Лабрадор, Канада

8-те најснежни градови на светот

Во овој град годишно паѓаат околу 130 сантиметри снег, а со тоа почести се и мразните дождови и бури кои можат да траат дури до април. Сент Џонс спаѓа во најоблачните, најмагловитите и најветровитите градови во Канада.

7. Сиракуза, Њујорк

8-те најснежни градови на светот

Во Сиракуза годишно паѓаат околу 120 сантиметри снег, а Њујорк во комбинација со снег… Па, доволно е кажано.

8. Ири, Пенсилванија

8-те најснежни градови на светот

Во овој град годишно паѓаат околу 100 сантиметри снег, што е најмалку во однос на останатите градови кои се наоѓаат на оваа листа. Сепак тоа е доволно за Ири да се смета за еден од најснежните градови во светот. За оние кои не сакаат снег висок неколку метри, а сепак уживаат во нежно снежните денови, Ири е одличен избор за патување.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар