8-те најмистериозни смртни случаи во Холивуд - Part 2

8-те најмистериозни смртни случаи во Холивуд

5. Брус Ли

8-те најмистериозни смртни случаи во Холивуд

Нема личност која не го знае познатиот Брус Ли. Тој починал на 20-ти јули, 1973-та година откако се пожалил од главоболка, се напил аспирин и легнал да се одмори. Откако го однеле во болницата, констатирале дека смртта е поради алергија на аспирин. Но поради неговата младост и слава, почнале да се појавуваат многу теории на заговор за неговата смрт. Според една, семејството Ли е проколнато.

6. Брендон Ли

8-те најмистериозни смртни случаи во Холивуд

Иако клетвата за семејството Ли звучи налудничаво, смртта на Брендон Ли, синот на Брус Ли, 20 година подоцна ќе ве натера да размислите. Брендон го снимал филмот „Врана“ (The Crow) кога лажен пиштол не бил подготвен како што треба и го застрелал. Подоцна умрел во операционата сала. Оние кои веруваат во клетвата изјавуваат дека во својот последен филм, Брус Ли глуми личност која умира исто како и Брендон.

7. Елвис Присли

8-те најмистериозни смртни случаи во Холивуд

Познатиот американски пејач умрел во 1977-ма година во неговиот тоалет. Околу овој настан кружеле, и сè уште кружат многу претпоставки. Човекот кој ја извел аутопсијата, д-р Џери Франциско, утврдил дека причината за смрт е проблем со срцето, а не дрога. Сепак, во тој момент не била направена токсиколошка анализа. Кога анализата била направена се покажало дека Елвис испил големо количество апчиња против болка. Неговиот лекар, д-р Џорџ Никопоулос бил обвинет бидејќи му препишал поголема доза, иако подоцна бил ослободен од обвинувањата. Како и со Брус Ли, и смртта на Елвис предизвика многу теории на заговор. Некои луѓе тврдат тој е сè уште жив, а некои се сигурни дека го имаат и видено.

8. Британи Марфи

8-те најмистериозни смртни случаи во Холивуд

Актерката и пејачка умрела на 20-ти декември, 2009-та година. Се утврдило дека причината за смртта е пневмонија, недостаток на железо во крвта и дрога. Иако можеби ова не е најчудниот случај, нејзиниот сопруг умрел во истиот дом, само 6 месеци подоцна. Чудната случајност е тоа што и Британи и Сајмон умреле од пневмонија и анемија.

Прочитајте и за овие мистериозни убиства кои биле решени векови подоцна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар