8-те најголеми откритија за среќата од 2017-та година

Не постои формула за среќа. Но сепак научниците продолжуваат да истражуваат за тоа кои аспекти од нашите животи може да имаат влијание на неа, вклучувајќи ги социјалните мрежи, физичката активност, па дури и држењето на телото. Погледнете ги 8-те најинтересни работи кои ги научивме минатата година за тоа кои фактори влијаат на нашата среќа и го намалуваат ризикот од стрес и депресија.

1. Како споделувањето ги прави децата посреќни?

(1)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Едно истражување од Кина покажало дека споделувањето може да ги направи децата посреќни, но само ако го прават тоа бидејќи сакаат. Истражувањето набљудувало групи од 3-годишни и 5-годишни деца кои или биле натерани да споделат нешто, или пак го правеле тоа по своја волја. Според изразите на нивните лица, истражувачите заклучиле дека децата се посреќни кога споделуваат нешто по своја волја.

2. Медитацијата го намалува стресот

(2)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Во едно истражување, група луѓе со анксиозност практикувале свесна медитација. Резултатите покажале намалено ниво на хормоните за стрес во стресни ситуации во споредба со реакцијата на нивните тела пред да медитираат. Од друга страна, друга група луѓе слушала предавање за справување со стрес и не покажала речиси никакво подобрување. Свесната медитација им помага на луѓето да се фокусираат на сегашниот момент, но и да ги прифатат тешките мисли и чувства.

3. Вежбањето го подобрува расположението

(3)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Дури и малата физичка активност може да ги намали симптомите на депресија. Истражувањето ги анализирало информациите од речиси 34.000 возрасни Норвежани кои биле прашувани за нивните навики за вежбање, како и за нивните симптоми на депресија. Испитаниците биле следени 11 години. Резултатите покажале дека луѓето кои не вежбале на почетокот на истражувањето имале 44% поголеми шанси да развијат депресија, за разлика од оние кои вежбале 1 до 2 часа неделно. Научниците тврдат дека ако сите испитаници вежбале барем 1 час неделно, 12% од случаите на депресија би биле спречени.

4. Најсреќна држава е Хаваи

(4)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Дали преселувањето на Хаваите ќе ве направи посреќна личност? Изгледа дека тамошните жители знаат нешто повеќе за среќата бидејќи оваа држава многу често се смета за најсреќна. Во 2016-та година жителите пополнувале анкета за нивното здравје и среќа, а резултатите биле објавени во февруари, 2017-та година. Со овие резултати, Хаваи се наоѓа на врвот веќе 6-ти пат. Прашањата кои ги одговарале испитаниците биле за нивното здравје, нивното чувство за припадност, социјалните врски, финансиската состојба и вклученоста во заедница.

5. Апликацијата Тиндер може да ви ја повреди самодовербата

(5)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Онлајн состанувањето станува сè попопуларно, но овој процес може да има влијание на вашето ментално здравје. Во едно истражување биле анализирани информациите на повеќе од 800 студенти кои ја користеле апликацијата Тиндер. Истражувањето покажало дека корисниците многу почесто чувствувале негативни чувства, како притисок да изгледаат на одреден начин, или пак биле лошо расположени. Научниците препорачале дека ова не значи дека не треба да користите апликации за онлајн состанување, туку не треба да зависите од нив или да барате признание од нив.

6. За подобро расположение, седете исправено

(6)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Истражување од Нов Зеланд покажало дека седењето исправено може да ви го подобри расположението, барем на краток период. Во истражувањето учествувале 61 испитаник кои имале симптоми на депресија. Околу половина од нив добиле совети за тоа како да го подобрат држењето на телото, а на нивните грбови биле залепени спортски ленти кои би требало да им помогнат во тоа. Другата половина не добила никакви инструкции, а лентите биле залепени без некој редослед. Според прашалникот кој го пополниле испитаниците, се покажало дека луѓето кои седеле исправено се чувствувале многу подобро и посилно за разлика од другите. Сепак, потребно е дополнително истражување кое ќе покаже дали правилното држење на телото може навистина да им помогне на луѓето кои страдаат од депресија.

7. Проблемите со спиење влијаат на ризикот од депресија

(7)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Проблемите со спиење често се симптом за некои ментални нарушувања, како на пример депресија и анксиозност. Но едно неодамнешно истражување покажало дека проблемите со спиење може да предизвикаат некои од овие нарушувања. Покрај тоа, резултатите покажале дека подобрувањето на спиењето може да ги намали симптомите на депресија и анксиозност. Во истражувањето учествувале 3.700 студенти од Велика Британија кои имале несоница. На почетокот од 10-неделното истражување испитаниците одговарале прашања за нивното спиење и нивното ментално здравје, а потоа добивале третман за несоница. Се покажало дека оние кои добивале третман покажале намалено ниво на депресија и анксиозност за разлика од другите.

8. Претераното користење Фејсбук има лошо влијание на менталното здравје

(8)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Многумина на шега кажуваат дека претеруваат со користењето на оваа социјална мрежа. Но дали тоа навистина има влијание на менталното здравје? Според едно неодамнешно истражување, одговорот е ДА. Истражувањето во кое учествувале 5.200 луѓе покажало дека зголемената активност на Фејсбук е поврзана со лошото здравје. На пример, луѓето кои изјавиле дека почесто „лајкувале“ објави на Фејсбук и кои често пишувале статуси имале полошо ментално здравје. Иако е можно луѓето со влошено ментално здравје да бараат надеж во социјалната мрежа, резултатите имале смисла дури и кога се зело предвид менталното здравје на испитаниците на почетокот на истражувањето, како и бројот на нивните „реални“ пријатели. Сепак, потребно е да се направат уште истражувања, а додека да се добијат конкретни резултати, експертите препорачуваат умерено користење на социјалните мрежи.

Погледнете ја оваа неверојатна вежба која ќе ви даде храброст да го промените вашиот живот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар