8-те најчудни машки фобии кои ќе ве изненадат

8-те најчудни машки фобии кои ќе ве изненадат

Повеќето фобии се необјасниви и несфатливи за оние кои не ги доживуваат. Но, тоа не значи дека не се застрашувачки. Според една неодамнешна статистика, најголемиот страв помеѓу мажите е акрофобијата, односно стравот од височини.

8-te-najchudni-mashki-fobii-koi-kje-ve-iznenadat-www.kafepauza.mk

Листата од нешта кои навистина ги преплашуваат мажите вклучува и змии, забари, инјекции, громови, како и осакатување. Скоро половина мажи се преплашени од посета на доктор, а 37% се плашат да ја изгубат косата. Но, што е со почудните фобии, со оние кои не се толку секојдневни? Погледнете ги следниве 8 машки фобии кои со сигурност ќе ве изненадат…

1. Паруресизија (страв од јавно мокрење)

Срамежлив мочен меур? Постојат мажи кои имаат потешкотии при мокрењето во присуство на други луѓе, без разлика дали станува збор за нивниот дом или пак, за јавен тоалет. За некои од нив дури е невозможно да ја извршат оваа физиолошка потреба, без разлика колку е силна, доколку се опколени со други луѓе.

2. Сибофобија и Хлорофобија (страв од зелена храна)

Овие мажи сигурно мразеле брокула кога биле деца. Доволно е тие да се само во присуство на зелена храна и веднаш покажуваат симптоми на зголемена анксиозност. Психолозите велат дека тие најверојатно, рано во детството, доживеале настан кој им предизвикал анксиозност и кој од тогаш се поврзува со овој вид храна.

Оваа фобија се поврзува и со Лашнофобија, страв од зеленчук, кој најчесто настанува од преголема изложеност на брза и нездрава храна во детството.

3. Еметофобија (страв од повраќање)

Оваа состојба се појавува кај околу 9% од популацијата, а настанува како резултат од трауматично искуство за време на повраќањето, особено во детството. Овие мажи многу често избегнуваат да јадат надвор, да пијат алкохол, да бидат покрај деца (во ситуации кога тие би можеле да повратат), како и да патуваат со цел да се заштитат од ова непријатно доживување. Тие исто така и се придржуваат до строга диета и многу често го проверуваат рокот на траење на храната која ја консумираат.

4. Глобофобија (страв од балони)

Стравот од балони може да настане од негативно искуство, како плашење со силниот и неочекуван звук од пукањето балони или пак, под влијание на стравот да бидете сепнати.

5. Синдром на натрапник (страв од „откривање“)

Оваа специфична фобија е страв од „откривање“ и е една од најчестите причини за појава на анксиозност помеѓу мажите. Особено кај оние кои се многу успешни. Тие се плашат дека луѓето ќе сфатат дека имаат висока позиција, но не знаат што прават, па токму затоа и ќе го кријат, негираат и избегнуваат проблемот. Па, наместо да кажат дека се во неволја и да побараат помош, тие нема да дозволат никој да дознае што се случува со нив.

6. Ануптафобија (страв од сингл живот)

Можеби чувствувате притисок од роднините и пријателите за да се венчате, но постојат и мажи кои кога гледаат како своите пријатели и браќа/сестри добиваат свои деца, тие почнуваат да се плашат дека пропуштаат многу нешта со својот сингл живот.

Што и да правите, одбегнувајте да се гледате со личност која страда од Гамофобија, страв од брак. Оваа врска може да заврши навистина лошо.

7. Фагофобија (страв од голтање)

Мажите кои страдаат од оваа фобија многу често слабеат само затоа што се плашат да јадат. Оваа анксиозност доаѓа и со „грутка“ во грлото, која дополнително влијае врз интензивирање на фобијата. Многу често, таа може да биде надмината со откривање на коренот на анксиозноста или пак, со одвлекување на вниманието. На пример, јадењето додека гледате телевизија може да го тргне вашиот фокус од стравот и да го насочи кон она што го гледате пред вас.

8. Коулрофобија (страв од кловнови)

И покрај фактот што кловновите навистина можат да изгледаат морничаво, стравот од нив може да се припише на појавата наречена „чуден ефект“. Станува збор за теорија која ни вели дека кога нешто има човечки особини, движејќи се и изгледајќи како човек, но истовремено и како нешто што не е човечко, тоа може да создаде одговор кој се манифестира како страв од оваа чудна појава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар