8 тајни на успехот од Елен Деџенерис

8 тајни на успехот од Елен Деџенерис

Елен Деџенерис е прекрасна и инспиративна личност. Нејзината оригиналност и храброст да биде тоа што е, ја прават многу популарна личност на која многумина ѝ се восхитуваат. Нејзините зборови се или инспирирачки или смешни, или пак и двете. Еве на што нè учи Елен за успехот.

8 тајни на успехот од Елен Деџенерис

1. За да бидете успешни прво мора да се прифатите себеси такви какви што сте

„Убавината значи да ти биде удобно во сопствената кожа. Треба да знаеш кој си и да се прифатиш како таков.“

Успешните луѓе стигнале до успехот прифаќајќи се себеси, а не обидувајќи се да се променат за да ги задоволат туѓите апетити. Секој паѓа под искушение да се промени поради другите, но никогаш не заборавајте дека има луѓе кои ве сакаат такви какви што сте, и многумина што допрва ќе станат дел од вашите животи бидејќи ја сакаат вашата оригиналност и бестрашност. Не можете да бидете успешни ако сте нечија копија или ако пробувате да влезете во „калапот“ наметнат од општеството. Мора да бидете тоа што сте.

2. За да бидете успешни треба да бидете топли личности и отворени за нови познанства и контакти

„Светот е полн со страв, негативност и осудување. Мислам дека луѓето треба да се осврнат кон радоста и среќата. Колку и да звучи старомодно, мора да направиме пресврт.“

Успешните луѓе не ги осудуваат другите и не ги оддалечуваат од себе. Не се ладни како камења и им даваат шанса на луѓето. Да, цврсто ќе се држат до своите убедувања, но ќе направат простор за да ги чујат туѓите мислења и ставови бидејќи свесни се дека секој е различен.

3. Успехот бара подготвеност да правите работи кои за вас не се пријатни ниту пак лесни

„Пријдете му на непознат на улица и речете му ‘Ти си тоа!’, и побегнете.“

Успешните личности не потклекнуваат под стравот од непознатото. Секако, можат да бидат преплашени но никогаш нема да се вратат назад. Најчесто нештата кои ве плашат се истите оние кои водат до големи успеси.

4. Успехот бара ентузијазам дури и кога доживувате падови

„Знаете, многу е тешко да напишете книга. Не можам да избројам колку пати сум пробала, па ми се крши перото, или пак истурам мастило врз напишаното.“

Секој доживува падови, но оние кои се решени да успеат, ќе се исправат и ќе продолжат понатаму. Неуспехот е само една лекција на патот кон целта. Решителноста и тврдоглавоста, неретко ќе ве одведат подалеку од самиот талент.

8 тајни на успехот од Елен Деџенерис

5. Мора да се грижите за себе, без разлика колку сте зафатени

„Мора да останете во форма. Баба ми почна да пешачи по 8 километри на ден кога имаше 60 години. Сега има 97 и немаме поим каде по ѓаволите се наоѓа.“

Занемарувањето на вашето здравје само ќе ве направи мрзливи и ќе се чувствувате исцрпено постојано. Мора да се грижите за себе без разлика колку сте зафатени. Добриот сон, здравата исхрана и движењето се многу важни. Зафатеноста е само изговор да не се грижите за себе.

6. Успехот бара да имате време за себе, да се опуштите и релаксирате

„Одолговлекувањето не е проблем. Тоа е решението. Тоа е знак од универзумот кој ви вели стоп, успори, се движиш пребрзо. Слушајте ја музиката. Едноставно, слушајте ја музиката.“

Патот до успехот е да се работи напорно, онолку колку што е потребно, а не да се работи до исцрпување. Доколку се фокусирате само на работа, ќе ја достигнете таа точка на вриење која ќе ве натера да се изгубите себеси целосно. Сите вие воркохолици, не чувствувајте грижа на совест секогаш кога ќе земете малку време за себе. Тоа ви е потребно, неопходно, ако сакате да успеете во што било.

7. За да бидете успешни треба да знаете како да ги зближите луѓето

„Толку многу се фокусираме на разликите меѓу нас, и според мене тоа резултира со хаос, негативност и насилство. Мислам дека сите ние треба да се фокусираме на она што ни е заедничко – сите сакаме да бидеме среќни.“

Сите се различни и имаат право да бидат. Сè додека се фокусираме на разликите меѓу нас ќе има кавги, негативност и несогласувања. Отворете ги мислите, гледајте подалеку од сопствениот нос, прифатете ги луѓето, зближете ги, ширете топлина. Токму тоа го прават успешните луѓе.

8. За да бидете успешни треба да бидете сурово искрени кон себеси

„Понекогаш не можеш да се видиш себеси јасно сè додека не се погледнеш низ очите на другите.“

Секој ден е нова можност да се унапредиш себеси, да пораснеш, да стекнеш нови знаења и искуства. Ако сте успешни не значи дека треба да станете арогантни и да мислите дека сте совршени. Факт е дека сите правиме грешки и сите можеме да бидеме подобри од тоа што сме. Некогаш за да се видите јасно, мора да се погледнете со критичко око.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар