8 митови за мажите во кои мора веднаш да престанете да верувате

Постојат некои причини за мажите кои во поголемиот дел од случаите се вистинити, како на пример, тие сакаат пиво и орален секс. Но, постојат и некои верувања кои се тотална глупости, како следниве 8…

8 митови за мажите во кои мора веднаш да престанете да верувате

Мит 1: Мажите сакаат да трчаат по девојка

Вистина: Мажите во денешно време обожаваат образовани и самоуверени жени. Истражувањето кое било неодамна спроведено од страна на сајтот „Match.com“ во Америка со кое биле испитани повеќе од 5.600 жени и мажи за љубовта и сексот, ни покажува дека дури 90% од мажите изјавиле дека сакаат девојката да ги покани на состанок. Сепак живееме во 2015 година…

Мит 2: Мажите сакаат само секс без обврски

Вистина: Не сите мажи го делат ова размислување, па дури и оние кои во моментов би се согласиле со него не значи дека ќе се согласуваат со него и во иднината. Некои мажи воопшто не се заинтересирани за секс без обврски, додека пак други го практикуваат само одреден дел од нивниот живот. Доколку тој сака секс, тоа не значи и дека не сака љубов или врска.

Мит 3: Мажите немаат биолошки часовник

Вистина: Антропологот Хелен Фишер вели дека и двата пола сакаат да најдат партнер во кој ќе се заљубат и со кој ќе имаат деца, особено пред 40-тата година. Мажите се желни за сè ова исто како и жените.

Мит 4: Големи стапала значат дека тој има и голем пенис

Вистина: За жал, не постои никаква научна потврда дека бројот на чевли (или големината на раката и носот) е индикатор за големината на неговиот полов орган. Сексуалниот терапевт, Стивен Снајдер објаснува дека станува збор само за урбани легенди.

Мит 5: Мажите имаат проблеми со врзувањето

Вистина: Хелен Фишер спровел истражување кое ја потврдува неговата теорија дека ова не е вистина. Мажите сакаат да ги запознаат своите партнерки со нивните родители и пријатели многу побрзо отколку што жените ја добиваат оваа желба, бидејќи тие се посклони кон јавно покажување на нивните емоции. Исто така тие порано сакаат и да почнат да живеат заедно со партнерката.

Мит 6: Мажите не можат да одглумат оргазам

Вистина: За жал реалноста е спротивна. Ако сте мислеле дека само жените се способни да одглумат оргазам, тогаш сте се лажеле. И мажите го прават тоа бидејќи често чувствуваат голем притисок за време на сексуалниот однос.

Мит 7: Мажите лесно доживуваат оргазам

Вистина: Мажите можат да имаат потешкотии и на ова поле, а медицинскиот поим за тоа е задоцнета ејакулација. Докторот Снајдер објаснува дека на некои мажи им е потребно малку повеќе време за да доживеат оргазам, а проблемот најчесто се наоѓа во стресот, алкохолот или консумирањето антидепресиви. Тоа може да се појави и кај младите, но и кај оние над 40 години.

Мит 8: Мажите размислуваат за секс на секои 7 секунди

Вистина: Ако тие навистина помислуваат на секс на секои 7 секунди, тогаш тоа нè води до бројка од 8.000 пати на ден. Доколку тоа навистина се случува тие би биле опседнати со сексот и не би можеле да функционираат нормално во текот на денот. Вистината е дека младите момци (18 – 25 години) помислуваат на секс до 19 пати дневно, што е многу помалку од 8.000.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. matematicar Reply

    Mnogu jaka matematika: ednas na 7 minuti = 8.5 pati na cas 8.5×24=204 a ne 8000. Ili ako odzememe 8 casa spienje, …

Остави коментар