8 мистериозни исчезнувања на познати луѓе од кои ќе ве полазат морници - Part 2

8 мистериозни исчезнувања на познати луѓе од кои ќе ве полазат морници

5. Оскар „Зета“ Акоста

8 мистериозни исчезнувања на познати луѓе од кои ќе ве полазат морници

Оскар бил американски адвокат, писател и активист, најмногу познат како пријател на Хантер С. Томпсон кој го опишал во неговото дело „Страв и гадење во Лас Вегас“ (Fear and Loathing in Las Vegas).

Во 1974-та година адвокатот отишол во Мексико од каде што наводно му се губи секаква трага. Во мај 1974-та година, Оскар му се јавил на син му и му кажал дека ќе се качи на брод полн со бел снег. Постојат гласини дека Оскар бил жив и се криел во Мајами. Подоцна неговиот пријател, Томпсон, изјавил дека Оскар имал проблеми со дрога. Неговото тело никогаш не било пронајдено.

6. Бизон Дил

8 мистериозни исчезнувања на познати луѓе од кои ќе ве полазат морници

Дил е познат американски кошаркар и целиот негов живот се однесувал чудно и ексцентрично. Ја завршил неговата кариера кога бил во најдобра форма – на 30 години. Во јуни 2002-ра година, Дил, неговата девојка и неговиот брат отишле на крстарење на Пацификот. Кошаркарот и девојка му последен пат биле видени во Тахити на 8-ми јули, 2002-ра. Неговиот брат се вратил неколку недели подоцна.

Во септември брат му бил уапсен, а 2 дена претходно била пронајдена јахтата на кошаркарот на која имало дупки од куршуми. Од ФБИ заклучиле дека брат му ги убил Дил и девојка му и им ги фрлил телата во океанот. По некое време брат му извршил самоубиство. По ова, истрагата прекинала.

7. Шон Флин

8 мистериозни исчезнувања на познати луѓе од кои ќе ве полазат морници

Шон бил единствениот син на холивудскиот актер Ерол Флин. За разлика од неговиот татко, Шон никогаш не бил добар пред камера и бил разочаран од себеси. Откако направил 10 филмови, решил да стане фото-репортер. Неговите фотографии редовно се наоѓале во познати весници. На 6-ти април, 1970-та година, Флин и неговиот колега патувале низ Камбоџа со велосипеди. На еден од патиштата биле застанати од Црвените Кмери, и оттогаш никој не го видел фотографот. Постојат гласини дека бил виден во Мексико многу години подоцна, но нема никаков доказ за ова.

8. Кони Конверс

8 мистериозни исчезнувања на познати луѓе од кои ќе ве полазат морници

Кони била пејачка и текстописец во 1950-тите. Често изведувала во Њујорк, но никогаш не станала позната. Во 1970-та година, пејачката минувала низ тешка професионална криза која резултирала со депресија. Во август 1974-та година, таа напишала неколку писма до нејзините пријатели и семејство во кои им кажала дека сака да започне нов живот на некое друго место. Нејзините роднини мислеле дека ќе оди на езеро на еден ден, но додека да ги добијат писмата таа веќе заминала. Сите потраги по Кони не дале резултат.

Прочитајте и за мистериозните исчезнувања на голем број патници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар