8 докази дека блондинките подобро си поминуваат во животот

8 докази дека блондинките подобро си поминуваат во животот

Мерлин Монро изгледа била во право кога кажала дека „плавушите“ повеќе се забавуваат од останатите девојки. И не само тоа, туку нивната боја на коса влијае непознати луѓе да се однесуваат пољубезно со нив. Или барем таков е случајот со американската новинарка Џо Пиаца.

2-8-dokazi-deka-blondinkite-podobro-si-pominuvaat-vo-zhivotot-kafepauza.mk

Кога би знаела колку промената на бојата на косата ќе влијае врз неа, Џо Пиаца би постанала блондинка многу одамна. Имено, после 30 и нешто години (дамите не се прашуваат за возраста), Џо во договор со фризерката, кафените прамени ги заменила со платинесто руси и веднаш почнала да забележува промени во секојдневниот живот. Еве некои од нив:

1. Касиерите во продавниците почнале да ѝ нудат услуга бесплатно да ѝ ги однесат кесите до автомобилот.

2. Таксистите почнале да ѝ се смешкаат и да започнуваат фини разговори.

3. Персоналот на аеродромот ѝ понудил бесплатен влез во чекалната за прва класа.

4. Чуварот во службената зграда во која работи повеќе не ѝ замерува кога ќе ја заборави пропусницата за влез.

5. Келнерите во рестораните ѝ даваат повеќе компирчиња во порцијата или ја честат десерти.

6. Бармен ја почестил бесплатна пијачка.

7. Полицајците ѝ опростувале што возела пребрзо.

8. Обезбедувачите во ноќните клубови ѝ дозволуваат да влезе без да плати.

1-8-dokazi-deka-blondinkite-podobro-si-pominuvaat-vo-zhivotot-kafepauza.mk

За овој феномен се спроведени бројни студии, дискусии и дебати, но никој со сигурност не може да потврди дека луѓето се однесуваат подобро кон блондинките. Можеби се работи само за индивидуални преференции на некои. Но, ако ви треба идеја за нова фризура, можеби ова ќе ве инспирира да прејдете на некоја руса нијанса.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар