8 детали кои за нас кажуваат многу повеќе одошто сме свесни

8 детали кои за нас кажуваат многу повеќе одошто сме свесни

Понекогаш, малите нешта кои ги правиме и кои ги сметаме за секојдневни говорат многу повеќе за нас како личност отколку што можеме да замислиме. Можеби вие никогаш не би помислиле дека вашата омилена боја или начинот на кои правите селфи може да каже нешто повеќе за вас, но одредени истражувања сепак потврдуваат дека тоа е можно.

8 детали кои за нас кажуваат многу повеќе одошто сме свесни

Навистина постојат неколку ситници кои можат да потврдат дали сме невротични, отворени или можеби имаме проблеми со контролата. Овие 8 начини на кои го привлекуваме вниманието на другите се извлечени од неодамнешни истражувања кои го покажале нивното влијание врз луѓето. Погледнете за што точно станува збор…

Чистотата и уредноста на вашиот дом

Според една неодамнешна британска студија, на луѓето им е потребно само 26 секунди да добијат впечаток за вас врз основа на начинот на кој изгледа вашиот дом. Наводно, овие луѓе најпрво судат според миризбата, што значи дека домот кој пријатно мириса може да биде еден од факторите за позитивен впечаток. Второто нешто кое го забележуваат е колку вашиот простор е натрупан со објекти. Нема да им треба многу време да ги забележат расфрланите чевли и капути во ходникот, како и купчето неиспрани алишта.

Начинот на кои правите селфи

Истражувањата ни покажуваат дека многу луѓе донесуваат заклучоци за вашата личност според начинот на кој правите селфи фотографии. Вистината е дека овие претпоставки не се секогаш точно, но луѓето на вашите фотографии забележат позитивни емоции и насмеан лик, ќе стекнат и позитивно мислење за вас.

Музиката која ја слушате

Едно истражување од 2003 година ни покажало дека оние кои слушаат комплексна музика се многу поотворени за нови искуства и се политички послободни од останатите. Од друга страна, оние кои слушаат музика која е повеќе конвенционална, често се позатворени и спортски типови.

Омилената боја

Постои една интересна теорија која тврди дека вашата омилена боја говори многу за вашата личност. На пример, ако станува збор за црвената, според оваа теорија вие барате некаков вид физичко задоволство и исполнување, а ако е жолта, вам ви е многу важна логиката и индивидуалноста. Според една друга теорија, оние кои преферираат црвена боја се поодлучни и поцврсти, додека пак оние кои сакаат жолта, уживаат во учењето и лесно наоѓаат среќа.

Дали повеќе сакате мачки или кучиња?

Една студија покажала дека оние кои повеќе сакаат кучиња се многу поенергични и посоцијални. Од друга страна, оние кои преферираат мачки, најчесто се позатворени и почувствителни.

Начинот на кои изгледаат вашите чевли

Состојбата на вашите обувки исто така може да открие нешто повеќе за вас. Според една теорија, оние кои се несигурни во себе за време на разговорите, стоењето или одењето, најчесто се навалени кон напред. Оние кои со својата тежина се потпираат кон предните делови на стапалата, би можело да се сфатат како личности кои се подготвени за бегство. Оние кои се посигурни во себе, се навалуваат кон назад. Со текот на времето, начинот на кои стоите се одразува и на вашите чевли.

Начинот на кои се однесувате кон животните

Пристапот и однесувањето кон животните може многу да кажува за нечија личност. Доколку тој или таа сакаат да зборуваат за животни или им помаат на животните во неволја, тоа значи и дека станува збор за луѓе кои се отворени и пријателски настроени.

Потребното време за поставување прашања

Ако некој не каже премногу нешта за себе во текот на разговорот со вас, тоа не значи дека вие не знаете ништо за него/неа. Кога ќе се запознаете со одредена личност, погледнете колку време му/ѝ е потребно за да ви возврати со прашање. Вие би се изненадиле колку тоа говори за фактот дали некој е повеќе склон кон давање или земање. На тој начин можете да направите разлика помеѓу оние на кои им се допаѓате и оние кои ве гледаат само како начин да добијат нешто од вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар