8 автентични доживувања во Турција

8 автентични доживувања во Турција

Турција е земја која во последните години се труди да ги задоволи сите туристи кои ја посетуваат така што забрзано се модернизира, но и покрај тоа тие успеваат да задржат одредена автентичност која е примамлива за секој посетител.

Истанбул

Единствениот град во светот кој е распослан на два континенти е извонредна мешавина од традиционална исламска архитектура и модерни градби. Аја Софија и Топкапи се задолжителни за секој турист, но ако тргнете пеш може да истражувате и да пронајдете многу интересни детали од овој град кои остануваат скриени за повеќето посетители.

8 автентични доживувања во Турција

Пеливанско борење во Едрене

Можеби сте гледале пеливанско борење и во Македонија, но ако сте пропуштиле, тогаш тоа на најавтентичен начин ќе го доживеете во Турција. Во градот Едрене секоја година се одржува пеливански фестивал на кој доаѓаат најдобрите борачи.

8 автентични доживувања во Турција

Летање со балон над Кападокија

Излишно е да се трошат зборови за природните чуда на Кападокија кои од овој регион прават посебен свет сам за себе. Најлесно ќе го разгледате ако сте доволно храбри да се качите во корпа на балон и го надлетате целиот живописен крај.

8 автентични доживувања во Турција

Отоманското село Сафранболу

Отоманската архитектура во Сафранболу е зачувана уште од средниот век, а денес селото е под заштита на УНЕСКО. Посетителите можат да се прошетаат по калдрмите, да пазаруваат во малите дуќани. Интересно е што овде некои хотели нудат можност за целосно отоманско доживување со тоа што кон гостите се однесуваат како кон вистински паши, и тоа по достапни цени.

8 автентични доживувања во Турција

Гратчето Кајакој

На почетокот на дваесеттиот век Кајакој бил населен од Грци, но по договорот за размена на население помеѓу Грција и Турција, бил целосно напуштен во 1923 година. Тука требало да се населат Турци доселени од Грција, но до тоа никогаш не дошло. Градот денес сведочи за бесмислените детали од историјата, а посетителите можат дојдат и цел ден да ги разгледуваат празните улици, куќи и цркви.

8 автентични доживувања во Турција

Бањање во амам

Турците сè уште ја чуваат традицијата на посета на амам. Доколку сакате да го доживеете ова автентично искуство треба да платите за влез, по што ќе добиете пар влечки, пешкир и сунѓер. Потоа ќе влезете во голема мермерна просторија исполнета со пареа каде што ќе можете да се избањате.

8 автентични доживувања во Турција

Памуккале

Малото гратче Памуккале е светски позната атракција благодарение на белиот „памучен замок“ кој се наоѓа во негова близина. Тоа е збир од спектакуларни тераси формирани од травертин и други минерали, кои изгледаат како да се топат надолу по ридот. На неговиот врв е и античкиот град Хиерополис.

8 автентични доживувања во Турција

Турска кујна

Иако веројатно сте пробале многу турски јадења и во Македонија, почувствувајте го вкусот и мирисот на турската кујна онаму каде што е создадена. Не пропуштајте да го пробате автентичниот турски сладолед кои тие го викаат „дондурма“, кој е различен од останатите делови на светот. Турците на вообичаениот рецепт за сладолед додаваат прав за салеп и смола од растението мастика, кои го прават растеглив и му даваат посебен вкус. Исто така, овде ќе пробате и автентично турско кафе.

8 автентични доживувања во Турција

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар