7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат

7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат

Знаците кои покажуваат дека едно дете може да биде психопат во иднина се забележуваат уште на 3-годишна возраст. Постапките на родителите понекогаш ги тераат децата да ги демонстрираат овие знаци. Проблемот е што многу често родителите не мислат дека овие показатели се важни. Многу сериски убијци ги покажувале овие знаци во нивното детство, но за жал никој не забележал. Постојат 3 вида однесување кои укажуваат на можност за насилство во иднината. Ова „тројство“ е создадено од Џ. М. Мекдоналд, американски психијатар кој го анализирал однесувањето на околу 100 криминалци.

1. Насилство кон животни

7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат

Насилството кон животните е еден од најочигледните знаци кои ги покажуваат децата. Ако му објасните на вашето дете дека не е во ред да ги повредува животните и тоа ве послуша, нема за што да се грижите. Но кога децата ги повредуваат, па дури и убиваат животните време е да преземете нешто. На овој начин тие го искажуваат својот гнев кон животните кои немаат никаква заштита. Она што е морничаво е фактот дека убијците често ги убиваат нивните жртви слично како што го правеле тоа со животните. Врската помеѓу насилството кон животни и психопатите е толку очигледна што од ФБИ почнале да ги забележуваат случаите на насилство кон животни. На фотографијата се наоѓа Џефри Дамер, американски сериски убиец кој добил 15 доживотни затворски казни. Обрнете внимание на начинот на кој тој го држи мачето.

2. Желба за подметнување оган

7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат

Пироманијата или желбата за подметнување оган е вториот знак. Ова е уште еден начин за искажување гнев.

3. Принудно уринирање

7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат

Се разбира, не значи дека 6-годишното дете кое го мокри својот кревет е иден психопат. Но, ова нарушување често предизвикува криминално однесување бидејќи е понижувачко за детето. Како резултат на нарушувањето, детето може да биде гневно и навредено. Ако родителите не реагираат на оваа појава, или ако детето е мета на шегување од страна на пријателите, може да има лошо влијание. На пример, Андреј Чикатило страдал од ова нарушување и бил најозлогласената личност во Советскиот Сојуз. Неговата мајка го тепала секогаш кога ќе се случела оваа „несреќа“. Подоцна тој почнал да ужива во страдањето на други деца, а ова водело до многу ужасни злодела.

Психолозите спомнуваат уште неколку знаци покрај тројството на Мекдоналд. Важно е да се обрне внимание на знаците бидејќи понекогаш разликата помеѓу нормално и абнормално однесување е многу мала.

4. Кршење правила

7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат

Не постои личност која не скршила некој сад или не задоцнила. Секое дете се нашло во ситуација каде што мора да излаже или да се соочи со вистината. Но децата со психопатски особини многу различно го сфаќаат кршењето на правилата – тие чувствуваат задоволство од тоа. Истото важи и за луѓето кои уживаат во крадењето. Овој случај е многу добро опишан во книгите „Хари Потер“. Ако се сеќавате на детството на Волдеморт, професорот Дамблдор наоѓа неколку украдени играчки во фиоката на Волдеморт. Играчките им припаѓале на други деца и навистина не му биле потребни на Мрачниот господар. Едноставно, тој уживал да гледа кога некој губи нешто што му е драго.

5. Лажење без каење

7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат

Ако дете лаже плашејќи се од казна, тогаш е разбирливо зошто ја прикрило вистината. Но ако детето лаже без причина, без каење и со доверба на лицето, можеби е време за грижа. Можеби навистина ужива во лажењето. Друго важно нешто е тоа што децата со психопатски особини стануваат гневни и хистерични кога ќе ги фатите „на дело“. Ова е еден вид манипулација. Причината за гневот не е тоа што згрешиле, туку тоа што е откриена нивната лага. Се разбира, не мора веднаш да значи дека детето е психопат, но подобро е да се посети психолог.

6. Малтретирање

7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат

Не секое дете што малтретира е иден психопат. Луѓето малтретираат од многу причини – сакат внимание, моќ, сакаат да изгледаат како нивните родители или идоли и слично. Но ако детето понижува некој само затоа што ужива во тоа, може да станува збор за проблем.

7. Нечувствителност

7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат

Децата со психопатски особини не демонстрираат страв толку лесно како другите. Тие не го чувствуваат стресот со ист интензитет. Исто така, не им е јасно што значи сочувството. Според психологот Хедер Ирвин, првата година од животот на детето е клучна за одредување на иднината на неговото психолошко здравје.

„Психопатите не се појавуваат од никаде. Потребно е да погледнете кон првите години од нивниот живот и да видите што им се случувало на овие луѓе веднаш по раѓањето. На пример, ако тие плачеле првите 6 месеци, а никој не се грижел за нив, никој не ги хранел кога биле гладни, никој не им помогнал, нивниот мозок го запомнил тоа и сфатил дека чувствата не се важни. Нашата мозочна структура почнува да се формира врз основа на овој концепт.“

Покрај тоа, ако детето пораснало во добро опкружување, но откако наполнило 5 години искусило некакви насилство, помали се шансите дека ќе стане психопат бидејќи неговата свест е веќе развиена. Ова значи дека родителите имаат голема одговорност не само за здравјето на детето, туку и за начинот на кој тоа го гледа светот. Ако кај детето има какви било отстапувања, секогаш е подобро да се побара помош од професионалец отколку сами да се обидувате да го средите проблемот.

Дознајте и кои се најизразените карактеристики на психопатите во реалниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар