7 забавни здравици кои можете да ги кажете во машко друштво

Здравиците се неопходен дел од пијанките во друштво. Тие се како мезе за ракија, како кикирики за пиво, како фстаци за вино. Да наздравиме во забавен и шеговит стил!

7-zabavni-zdravici-koi-mozhete-da-gi-kazhete-vo-mashko-drushtvo-kafepauza.mk

1. Нека нашите синови имаат богати татковци и убави мајки!

2. За нашите жени и девојки! И никогаш да не се сретнат!

3. За долг и среќен живот. За брза и лесна смрт. За добра и искрена девојка. За ладно пиво и за уште едно.

4. За пријателите кои не се тука!

5. На здравје за оние кои нѐ виделе во најдобро и во најлошо светло и притоа не прават разлика.

6. Да бидеме во рајот половина час пред ѓаволот да дознае дека сме мртви.

7. Да наздравиме за ноќите на кои нема да се сеќаваме поминати со пријателите кои никогаш нема да ги заборавиме.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар