7 вистини за оние кои однадвор изгледаат силно, но во себе се премногу анксиозни

7 вистини за оние кои однадвор изгледаат силно, но во себе се премногу анксиозни

Анксиозноста не е толку лоша, сè додека знаете како да се справите со неа. Стресот е знак дека е потребно да реагирате и да направите промена. Но, за жал, премногу луѓе ја чуваат својата анксиозност затворена во себе. Тие целосно ја игнорираат, додека истовремено глумат дека сè е во ред со нив. Овие индивидуи најтешко се справуваат со својот живот. Еве зошто…

7 вистини за оние кои однадвор изгледаат силно, но во себе се премногу анксиозни

1. Имате одлично лице за покер, но половина од времето врискате во себе

Вие сте кул и прибрани, но исто така сте и жешки и гневни. Во вас постои циклон кој постојано се обидувате да го задржите под контрола. Вие сте станале толку добри во лажењето на светот дека сè држите под контрола што никој ни приближно не може да забележи што навистина се случува во вас. Кога станува збор за вас, во еден момент нештата можат да бидат добри и смирени, но веќе следниот момент циклонот од внатре да ве разори.

2. Луѓето веруваат дека сте ладни или изолирани, но вие претерано се грижите

Вие се грижите, но не го покажувате тоа. Сите проблеми со кои се соочувате ги притискате во себе, криејќи ги од останатите. Постојано размислувате за оние нешта кои треба да бидат направени и за различните луѓе со кои сте се сретнале во текот на денот. Всушност, не знаете ни како да ги смирите вашите мисли со цел да си дадете простор за дишење. На тој начин, бавно но сигурно се гушите. За среќа никој не забележува.

3. Луѓето веруваат дека ништо не допира до вас, но вие само тајно се обидувате да го спречите вашето распаѓање

Кој на овој свет нема проблеми? Не постои таква личност. Секој човек си има своја низа проблеми. Единствената разлика е што дел од нив се подобри при справувањето, додека останатите се постојано анксиозни. Што се однесува до вас, вие се обидувате да ја задржите оваа анксиозност во себе, одржувајќи фасада околу неа која ја крие. Тешко вас ако некој открие дека и вие имате проблеми, исто како останатите.

4. Вие сте емпатични и грижливи, но ретко кога тоа се забележува од другите

Тие мислат дека вие не се грижите за ништо, па токму затоа и нема да ве вознемируваат со нивните проблеми. И бидејќи држите сè во вас, зошто некој би помислил дека вие всушност навистина се грижите? Тоа е штета, бидејќи пријателствата се градат така што луѓето си помагаат за време на тешките моменти. Токму затоа и ако никој не ви пристапува, тешко дека ќе можете да одржите пријателство.

5. Кога имате потреба од поддршка, никој не сфаќа дека поминувате низ потешкотии

Вие делувате толку смирено, што никој не добива потреба да ви понуди помош или грижа. Тоа е само затоа што тие не сфаќаат што вам ви е навистина потребно.

6. Вие сте контрадикција во движење

Oд една страна, постојано сте анксиозни, а од друга страна пак, се однесувате како вашиот живот да не може да биде подобар. Никој не познава кои сте вистинските вие бидејќи никој никогаш не ве запознал во целост. Вие сте толку исплашени од осуда, што не дозволувате никому да ви се доближи. Затоа и сте се претвориле во осаменик, но реално воопшто не ви се допаѓа тоа. Најлошото нешто е што луѓето мислат дека ве знаат, но за жал и тие исто така живеат во илузија.

7. Вие знаете дека кога тогаш ќе имате криза, но го игнорирате тоа и си продолжувате со животот како сè да е во ред

Тензијата продолжува секојдневно да се зголемува. Недела по недела, вашиот живот станува сè потемен и помалку реален. Вие не знаете како да ја спречите анксиозноста, но сигурни сте дека еден ден нема да можете повеќе да ја држите под контрола. Само прашање на време е кога ќе се скршите. Или можеби треба конечно да си дозволите да разговарате со некоја блиска личност која ќе ви помогне полесно да се справите со себе. Изборот е ваш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар