7 важни правила за однесување во јавен превоз кои Македонците најмногу сакаат да ги прекршуваат

Возењето со јавен превоз може да биде навистина неудобно искуство. Затоа обрнете внимание на бонтонот кој би требало да го почитувате во текот на возењето. Во продолжение ви откриваме 7 важни правила на однесување во јавниот превоз кои Македонците најчесто ги прекршуваат.

1-7-vazhni-pravila-na-odnesuvanje-vo-javen-prevoz-koi-makedoncite-najmnogu-sakaat-da-gi-prekrshuvaat-www.kafepauza.mk_

1. Пред влегување во возилото, пуштете ги патниците прво да излезат од него

Туркањето покрај вратите од возилата на јавниот превоз се нешто што секојдневно го гледаме и доживуваме, особено во текот на утрата кога патниците одат на работа и за време на попладневните гужви кога истите луѓе се враќаат дома. Оставањето на патниците без пречки да излезат од возилото е правило на бонтон и ќе ја олесни целата работа, како за тие што излегуваат, така и за тие што влегуваат.

2. Седиштата се за луѓе, не за личните работи

Ако седиме во полупразен автобус и на седиштето покрај себе ја оставиме чантата или ќесињата, никој нема да ни замери. Меѓутоа, ако истото го направиме кога во возилото е гужва и има малку слободни места за седење, тогаш патниците со полно право ќе ви замерат на таквото однесување. Седиштата пред сѐ се предвидени за луѓе, а не за личните предмети. Можеме да слушнеме чудни причини за кршење на ова правило. Жените најчесто не сакаат со работите да ја истуткаат облеката, додека мажите едноставно не знаат што да прават со предметите, како мокриот чадор, па и него знаеме често да го гледаме на празно седиште.

3. Избегнувајте ги гласните разговори

Колкупати сте се враќале уморни од работа додека во вас удирал продорен глас на патник кој гласно разговарал на мобилен? Или можеби сте се обидувале да игнорирате многу гласна група патници кои зборувале и се смееле во возилото? Ако тоа неизмерно ве нервира, не грижете се, тоа е сосема природна реакција. Во јавниот превоз треба да бидете културни и да разговарате тивко.

2-7-vazhni-pravila-na-odnesuvanje-vo-javen-prevoz-koi-makedoncite-najmnogu-sakaat-da-gi-prekrshuvaat-www.kafepauza.mk_

4. Јавниот превоз не е ресторан на тркала

Во поголемиот дел од автобусите и возовите консумирањето на храна е забрането. Секако, сите ние понекогаш ќе посегнеме по залак суво печиво или некое чоколатце и тоа на сопатниците најчесто не им пречи. Меѓутоа, кога на „менито“ се разни пици, хамбургери, сендвичи со салама, бурек, печива со виршла и други миризливи производи, тоа може и тоа како да создаде проблем. Со оглед на тоа дека овие возила не се проветруваат често, разните тешки мириси може да создадат мачнина кај чувствителните луѓе. Затоа би требало таквиот вид храна да го изедете пред возењето и надвор од возилото.

5. Покријте ја устата додека кивате и кашлате

Никој не сака како подарок од својот сопатник да добие бактерии или вируси кои можат да предизвикаат здравствени проблеми. Посебно е важно да се присетите на ова правило во студените месеци кога ќе пристигне сезоната на настинки и грип.

2-7-vazhni-pravila-na-odnesuvanje-vo-javen-prevoz-koi-makedoncite-najmnogu-sakaat-da-gi-prekrshuvaat-www.kafepauza.mk_

6. Држењето за рачките е задолжително

Со тоа пред сѐ си правите услуга на себе, бидејќи со држењето ќе ја спречите потенцијалната незгода, паѓање или повреда во случај возилото нагло да запре. Од друга страна, ќе го спречите и чувството на неудобност до кое доаѓа доколку на некој патник му „слетате“ во скут или го нагазите затоа што не сте се држеле.

7. На ранецот не му е местото на грбот додека има гужва

Доколку сѐ уште не сте доживеале удар со ранец во главата, тогаш сте вистински среќници. Кога во јавниот превоз има голема гужва, ранецот би требало да го симнете од грбот и да го држите во рацете за да не ја предизвикате споменатата незгода.

Постојат одредени ситуации каде што одредени луѓе постојано доживуваат хорор, а еве зошто јавниот превоз е пекол на тркала за хипохондриците.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар