7-те најчудни аеродроми во светот

7-те најчудни аеродроми во светот

При секоја работа, инженерите се соочуваат со безброј предизвици. Особено си имаат тешкотии оние кои треба да изградат аеродром на кој треба да слетуваат и полетуваат милиони патници годишно. Тие треба да имаат предвид аеродромот да е на идеална локација, да има голем простор, бескрајно рамен терен и голема видливост, па дури и ветровите во тој предел да се поволни. Но, во реалниот свет условите ретко се идеални, а инженерите се принудени да работат со она што го имаат пред себе и притоа да изградат нешто што ќе биде сигурно, стабилно и безбедно. Видете ги најчудните аеродроми во светот според локацијата, начинот на изградба и други дополнителни фактори.
.

Интернационалниот аеродром во Куршевел, Франција

За да се пристигне до иконскиот ски центар  во Куршевел, Франција, потребно е да се помине преку застрашувачките француски Алпи, а потоа да се слета на интернационалниот аеродром. Слетување кое ќе го паметите засекогаш. Пистата е долга само 520 метри, но вистинското изненадување е големиот рид на средината од пистата.7-те најчудни аеродроми во светот„Слетувате во удолница, а полетувате од угорница“ – вели еден од пилотите. Тој додава дека ридот, кој има 18,5% нагиб, е толку стрмен што помали авиони често имаат големи проблеми. Слетувањето на аеродромот во Куршевел очигледно не е лесна работа, па така пилотите треба да добијат сертификат пред да пробаат да ја совладаат оваа опасна писта.
.

Аеродромот Конгонхас (Сао Паоло, Бразил)

Повеќето главни градови имаат аеродром, но ретко кој од нив го има на само 7 километри од строгиот центар во градот. Ова особено не е случај со метрополи како Сао Паоло. Неговата близина до центарот може да се надоврзе на фактот дека тој е направен во 1936 година, а градот многу се разви во наредните децении.7-те најчудни аеродроми во светотИмањето аеродром толку блиску до градот можеби изгледа погодно за патниците, но претставува голем напор за пилотите и за екипите кои го контролираат воздушниот сообраќај. Претставува предизвик во однос на безбедноста само да се доведе авионот до пистата. За среќа високите згради во Сао Паоло се малку подалеку од пистата, па не се директна пречка за слетувањето и полетувањето на авионите.
.

Ледената писта (Антарктик)

Ледената писта е една од трите главни писти кои се користат за пристигнување на истражувачи и резерви за Мекмурдо станицата на Антарктик. Како што имплицира и самото име, тука нема асфалтирани писти, само писти од мраз и снег кои се уредно негувани.7-те најчудни аеродроми во светотНема недостиг од простор на Ледената Писта, па така супер големи авиони од типот на C-130 Hercules и C-17 Globemaster III, слетуваат релативно лесно. Вистинскиот предизвик е да се процени дали тежината на авионот и на каргото нема да го скрши мразот или пак да го заглави во мекиот снег. Кога мразот од пистата почнува да се крши, авионите се пренасочуваат да слетаат на другите две главни писти Pegasus Field и Williams Field.
.

Интернационален аеродром Дон Муанг (Бангкок, Тајланд)

Од далечина, интернационалниот аеродром Дон Муанг изгледа како и секој друг просечен аеродром. Но, разликата е во тоа што помеѓу двете писти се наоѓа еден голф-терен со 18 дупки.7-те најчудни аеродроми во светотГолф-теренот и аеродромот порано биле дел од воена база, но подоцна биле отворени за комерцијален промет. Сепак, поради безбедносни причини, граѓаните имаат ограничен пристап до голф-терените.
.

Интернационалниот аеродром Мадеира (Мадеира, Португалија)

Мадеира е мал остров оддалечен од брегот на Португалија, што го прави аеродромот клучен за неговиот развој . Првично, пистата била долга само 1.524 метри и претставувала голем ризик, дури и за најискусните пилоти, а го ограничувала и увозот и туризмот.7-те најчудни аеродроми во светотЗа овој проблем инженерите ја продолжиле пистата, така што нејзината моментална големина изнесува 2.743 метри, правејќи мост кој е поткрепен од 200 столбови. Самиот мост е долг околу 900 метри и е широк 180 метри, сосема доволно за да издржи авион од типот на Боинг 747 и други слични. Во 2004 година, Меѓународната асоцијација за мостови и градежништво му даде признание на овој проект, доделувајќи му ја наградата за извонредна структура на годината, истакнувајќи дека дизајнот и изградбата биле „осетливи поради еколошки и естетски причини“.
.

Аеродромот Гибралтар (Гибралтар)

Помеѓу Мароко и Шпанија се наоѓа малечката британска територија на Гибралтар. Изградбата на нејзиниот аеродром датира уште од времето на Втората Светска војна, а денеска сè уште служи како база на воздухопловните сили на Велика Британија, но и како аеродром за комерцијални летови.7-те најчудни аеродроми во светотНајинтересното е тоа што најпрометната авенија „Винстон Черчил“ поминува директно низ пистата на аеродромот, па така секој пат кога слетува или полетува авион се спуштаат рампите на патот. Проблемот е во тоа што ова е единственото рамно место во целата околина, бидејќи целиот град е опколен со планини, па така ова било најповолното решение.
.

Интернационалниот аеродром Кансаи (Осака, Јапонија)

Земјиштето е недоволен ресурс во Јапонија, па така инженерите се упатиле 5 километри од брегот на заливот Осака за да го изградат овој аеродром. Работата за изградба на вештачкиот остров започнала во 1987 година, а веќе во 1994 година авионите можеле да слетуваат на овој аеродром. До аеродромот патниците можат да стасаат со кола, воз или со траект.7-те најчудни аеродроми во светотВештачкиот остров Кансаи е долг 4 километри и е широк 2,5 километри, така што е видлив и од вселената. Земјотреси, опасни циклони, нестабилно морското дно и обидите за саботажа од демонстрантите се само неколку од проблемите кои инженерите биле принудени да ги земат предвид. Колку и да изгледа импресивно овој аеродром, професорот по воздухопловството и технологија на универзитетот „Purdue“ и поранешен консултант за авијација, Шрекенгаст Стјуарт, предупредува дека климатските промени и зголемувањето на нивото на морето претставуваат многу реална закана за постоењето на овој аеродром. „Кога овој аеродром е изграден, најверојатно не се водело сметка за глобалното затоплување. За околу 50 години, аеродромот може да биде под вода.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. . Reply

    Сте требале да ја надополните статијава со оној аеродром на Канарските острови по бројот на несреќи и оној на Сен Мартин близу до плажата.

Напиши одговор на . Откажи одговор