7 силни емоции кои го „јадат“ телото однатре

Причините за голем број болести се подлабоки одошто мислиме, бидејќи во голема мера зависат од нас самите. Заздравувањето кај луѓето кои можат да ги контролираат негативните мисли и чувства трае многу пократко. Нашето его е поврзано со негативните емоции како што се страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Многу често по ослободувањето од таквите емоции доаѓа до чувство на внатрешна празнина и умор. Но, ако не ги отстраниме негативните емоции, тие ќе се таложат и буквално ќе почнат да го „јадат“ телото однатре.

7 силни емоции кои го „јадат“ телото однатре

Што треба да направиме во тој случај? Одговорот е многу едноставен. Треба да ги следиме утврдените норми на меѓучовечките односи, да бидеме несебични и да ги почитуваме моралните вредности. Во историјата на Кина се пишува за Ли Џин Јун, човек кој живеел 100 години и кој во текот на животот се придржувал до три основни правила:

1. Ги одбегнувал пресилните емоции, бидејќи тие ја трошат целата енергија и ја попречуваат работата на сите органи во телото.

2. Не брзал, бидејќи верувал дека сѐ се случува во свое време.

3. Секојдневно правел физички вежби и вежби за дишење.

Како што можете да забележите, неговото прво правило е да се одбегнуваат силните емоции. Во традиционалната кинеска медицина постои поимот „седум чувства“ и тука спаѓаат седумте видови емоции: Радост, бес, тага, загриженост, јад, страв и шок. Во нормални услови кога нивниот интензитет е умерен, тие најчесто не предизвикуваат никакви болести. Меѓутоа, долготрајната психичка вознемиреност и неочекуваните психолошки трауми можат да доведат до нарушување на нормалниот тек на енергијата во телото.

Како резултат на тоа се јавува немоќта, која ориенталните лекари ја нарекуваат „внатрешни повреди“. Тие се непосредно поврзани со внатрешните органи и предизвикуваат хаос во енергетската циркулација. Секако дека интензитетот на емоциите е различен кај секој човек, но откриено е дека луѓето кои по природа се агресивни, лути и нервозни почесто се разболуваат.

Како влијаат емоциите на внатрешните органи?

Радост. Ова е позитивно чувство, но кога е многу интензивно и трајно може да делува негативно на срцето. Преголемата радост ја одзема енергијата од срцето. Ова е доказ дека умереноста е најважна. Тука спаѓа и негативното задоволство, односно задоволството што се јавува кога ќе им се наштети на другите.

Лутина. Лутината му наштетува на црниот дроб. Кога некој човек ќе се налути, црниот дроб се оптеретува. Таа ја зголемува енергијата што доведува до оштетување на видот и појава на главоболка или вртоглавица. Луѓето кои често доживуваат напади на бес имаат предиспозиции за срцеви заболувања.

Депресија. Депресијата негативно влијае на белите дробови, поради што многу затвореници заболуваат од туберкулоза. Преголемата тага и жалост доведуваат до намалена волја за живот, а со тоа се намалува и енергијата на белите дробови.

Вознемиреност. Вознемиреноста ѝ наштетува на слезината. Кога некој премногу мисли на лоши работи и премногу се грижи, страдаат слезината и желудникот. Енергијата е во застој што доведува до влошена работа на дигестивниот и лимфниот систем.

Страв. Стравот им штети на бубрезите. Стравот ја намалува енергијата поради што се намалува способноста да се задржат мочта и изметот.

Шок. При неочекуваниот шок доаѓа до емоционален немир и збунетост. Страдаат и срцето и духот.

Древната кинеска медицина се води според следнава мисла: „Болеста не е хаос, туку сигурно постои строг редослед на случувања кој е предизвикан од нарушената рамнотежа на телесните функции.“

Со оглед на тоа што нашите витални органи се поврзани со спиритуалниот свет, целта е одново да се воспостави врска помеѓу телесната и духовната сила. Кога кој било орган од телото не добива доволно енергија, неговата физичка состојба се влошува. Негативните емоционални состојби се тие што ја нарушуваат нормалната функција на внатрешните органи.

Следниве неколку едноставни техники на масажа на прстите на раката ќе ви помогнат да се ослободите од негативните емоции.

7 силни емоции кои го „јадат“ телото однатре

Ако се плашите или не можете да се ослободите од несвесниот страв фатете го малиот прст од едната рака и почнете да го масирате, па повторете го истото со малиот прст на другата рака. Оваа масажа помага при ситуациите поврзани со страв и може да биде корисна кога личноста не може да говори пред поголема група луѓе или ако студентот има страв од усно полагање на испити.

Палците се поврзани со желудникот. Тие помагаат при чувство на загриженост и вознемиреност.

Показателите се поврзани со белите дробови и дебелото црево и можат да помогнат при ослободување од чувствата на тага, јад и депресија.

Домалите прсти имаат точка за контрола на бесот. Ако мислите дека би можеле да се налутите измасирајте ги домалите прсти неколку пати. Веднаш ќе забележите како бесот во вас полека исчезнува. Домалите прсти имаат влијание и на црниот дроб со тоа што ги намалуваат токсините. При консумација на алкохол, дрога и при пушење цигари, токсините се акумулираат на внатрешните органи и го погодуваат нервниот систем. Измасирајте ги домалите прсти за да го намалите тој ефект иако секако дека најдобро е воопшто да не пиете и пушите.

Средните прсти се поврзани со срцето, тенкото црево и крвотокот. Тие ја намалуваат нетрпеливоста и ранливоста.

7 силни емоции кои го „јадат“ телото однатре

Масажите за секој прст се прикажани на горната слика. Секоја масажа треба да се состои од 3-10 притисоци во должина на прстите, а потоа и во ширина. Би требало да почнете со левата рака, а да завршите со прстите на десната рака.

Применете ги овие совети секогаш кога ќе доживеете некое негативно емоционално искуство и веднаш ќе забележите подобрување во вашето здравје и општа благосостојба.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар