7 разлики помеѓу машките и женските пријателства

И покрај тоа што сите пријателства генерално се формираат од истите причини, како што се поддршката и другарувањето, сепак мора да признаеме дека машките и женските пријателства имаат доста разлики. Мажите меѓусебно се однесуваат многу опуштено, умеат да се забавуваат со некои едноставни шеги и односот им е помалку драматичен. Од друга страна, кај другарките може да се забележи поголема емоционална поврзаност. Прочитајте ги следниве 7 очигледни разлики помеѓу машките и женските пријателства.

1. Емоционална поврзаност/дружба

Една од главните разлики помеѓу машките и женските пријателства е тоа што жените меѓу себе се значително поблиски. Тие имаат тенденција да си откриваат повеќе работи една на друга, да споделуваат тајни и да се поврзат на едно лично ниво. Од друга страна, мажите се трудат да ги одбегнат ваквите разговори од срце и сакаат да се поврзат со другарите, зборувајќи за поопшти и нелични теми. Одвреме-навреме, сепак и тие ја откриваат својата понежна страна и прават сериозни муабети за животот, барем со најдобриот другар.

7 разлики помеѓу машките и женските пријателства

2. Кратки кавги/драми

Сте забележале ли дека кога мажите се караат, ќе си повикаат малку еден на друг, некојпат можеби дури и ќе си поделат по некоја тупаница, но потоа се помируваат како никогаш ништо да не се случило? Всушност, кавгите уште повеќе го засилуваат нивното другарство. Но, кога жените се караат, тоа се претвора во една мелодрама, којашто може да се пролонгира со недели, а лутината да трае со месеци.

3. Партнерство/поврзаност

Кога станува збор за мажите, тие преферираат да прават муабет еден до друг, додека жените сакаат да зборуваат лице в лице. Кога мажите бараат близок пријател, тие му се обраќаат на некој кој ќе може да ги придружува на некои активности, како на пример да играат заедно тенис или да гледаат спортски натпревар. Од друга страна, жената се потпира на некоја другарка која ќе може да ги разбере нејзините чувства и да се поврзе со неа на емоционално ниво.

7 разлики помеѓу машките и женските пријателства

4. Зависност/независност

Додека девојките се многу зависни една од друга, мажите имаат поголемо чувство за независност. Мажите не се лутат доколку не се виделе со другарите извесен период и немаат ништо против да стануваат дел и од други, нови друштва. Од друга страна, жените сакаат константен контакт и друштво, па со оглед на ова, не е ништо чудно што понекогаш одат заедно и во тоалет.

5. Навреди и хумор/нежност

Кога станува збор за мажите и нивната перцепција за забава, тие сакаат да се навредуваат и да си ја тестираат меѓусебната доминација. Уште од мали деца, машките се задеваат во форма на забавно насилство, додека жените се порезервирани. Жените се повнимателни да не ги повредат чувствата на другарките, па нивната идеја за забава не вклучува навреди и караници, туку токму спротивното, пофалби и нежност.

7 разлики помеѓу машките и женските пријателства

6. Мали друштва/цела екипа

Доколку ја разгледате вашата околина, ќе забележите дека мажите имаат тенденција да излегуваат во поголеми друштва. Нивниот ментален склоп се развива со мислата „колку повеќе – толку подобро“. Од друга страна, девојките сакаат да си одржат помал круг на блиски другарки. И покрај тоа што ова не се однесува на сите женски пријателства, сепак повеќето жени сакаат да имаат барем една-две другарки, со кои ќе имаат поцврста врска, отколку да имаат многу со кои не се блиски.

7 разлики помеѓу машките и женските пријателства

7. Разлики во маните

Машките и женските пријателства исто така се разликуваат во однос на тоа како ги прифаќаат недостатоците на нивните пријатели. Така на пример, мажите многу ги нервира конкуренцијата. Тие влегуваат во двобои и се предизвикуваат со нивниот моментален „конкурент“, дури и кога станува збор за површни работи. Жените пак, се многу покритични спрема особините на другарките, длабоко ја анализираат секоја нивна постапка и не секогаш го кажуваат своето мислење, туку озборуваат зад грб.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. whatever Reply

    „Мааните“, не „маните“.
    Исто така во македонскиот јазик не постојат „црвени боровинки“ туку „брусници“ (ова се однесува на една постара статија на истата новинарка).

  2. whatever Reply

    Прекрасно! Исто така прифатено е и жена од Шпанија да биде Шпанка, од Кина – Кинеска, од Ирска – Ирка, од Полска – Полјачка… Од Штип може да биде Штипка?! Штом го уништуваме јазикот со неписменост и „помодарство“. Ајде, што се грижиме толку, ќе земаме „во предвид“, ќе сВаќаме, ќе „аднуваме“ нови зборови кои не постојат во „М“акедонскиот јазик, мислам шу се замараме? Лиле бе овој уатевер, „секад“ има нешо да „хејта“. -.-

Остави коментар