7 работи што не сте ги знаеле за кармата

7 работи што не сте ги знаеле за кармата

Кармата иако важи за дел од спиритуалниот свет, таа е и универзален закон претставен од страна на Њутн како закон за акција и реакција. Самото име во јазикот санскрит значи „дело/акција“, што значи дека кармата е реакција на нешто што веќе сме го направиле, помислиле или почувствувале.

7 работи што не сте ги знаеле за кармата

Како функционира кармата?

Во текот на изминатите илјадници години што сме ги поминале на овој и другите светови, ние сме активирале низа настани, во вид на верижна реакција. Секој момент од нашето дишење, дејствување, мислење и чувствување предизвикува промена во астралното и физичкото царство. Оваа промена на енергијата, подоцна или веднаш, ќе биде претворена во вистински настан што ќе се претвори во реалност. Со други зборови, она што го викаме „реалност“ е резултат на нашите дела, мисли, молитви и клетви од нашите сегашни и минати животи. Прочитајте ги следниве неколку работи што најверојатно не сте ги знаеле за кармата…

1. Кармата постои за да нѐ заштити од идното страдање

Кармичкиот закон нема цел да нѐ казни и осудува. Кармата не е некаков единствен ентитет што ги мери нашите дела само за да нѐ награди или казни. Кармата е механизам чиј извор е самиот наш дух. Сите ние сме дел од тоа.

2. Целта на кармата е да нѐ ослободи од ова царство

Сето страдање, сите награди и предизвици постојат за да нѐ научат како да тргнеме по вистинскиот пат. Кармичкиот закон постои за да ни помогне да еволуираме и да нѐ ослободи од бесмисленоста на постоењето.

3. Дури и најмалиот напор се исплати!

Не треба да се разочарувате доколку се чувствувате како да се наоѓате на дното од океанот. Дури и најмалиот напор може да ви помогне да ја промените верижната реакција. Само малата промена во начинот на размислување е доволна за да ви го даде она што го посакувате.

7 работи што не сте ги знаеле за кармата

4. Кармата е научно докажана

Правењето добри дела влијае на нашиот мозок. Тоа стимулира позитивна реакција што може да нѐ излечи и да влијае врз нашиот живот на незамисливи начини!

5. Можете да ја прочистите кармата

Постојат начини на кои можете да ја прочистите кармата и да си го промените животот. Постојат техники што ќе ви помогнат да се ослободите од црната магија која можеби ве опседнала намерно или ненамерно.

6. Разбирањето на кармата може да ви помогне да се ослободите од лутината

Откако ќе разберете дека сѐ што се случува е предизвикано од човечките мисли и дела, ќе почнете да преземате одговорност. Без ова сознание, ќе останете заглавени во пеколот на незнаењето, омразата и лутината предизвикани од нашата сопствена несреќа. Разбирањето на кармичкиот закон ќе ве ослободите од болката и ќе ви помогне да ја преземете контролата во свои раце.

7. Секогаш може да се промени кармата

Откако ќе разберете дека сте одговорни за вашето минато, сегашност и иднина, тоа ќе ви даде можност да се промените. Секако дека не мора да се промените веднаш, но во одреден момент, ќе го направите вистинскиот чекор. Дајте си време онолку колку што ви е потребно и испланирајте си го животот. Времето нема граница.

Прочитајте ги и следниве неверојатни приказни кои ќе ве натераат да верувате во карма.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар