7 приказни за тоа како им се променил животот на добитниците на лотарија

7 приказни за тоа како им се променил животот на добитниците на лотарија

Сите ние понекогаш сонуваме да добиеме на лотарија, бидејќи мислиме дека тогаш животот би ни се претворил во бајка. Но, големата сума на пари претставува голем предизвик и ретко кој човек е подготвен за тоа. Прочитајте ги следниве 7 приказни за да дознаете како им се променил животот на добитниците на лотарија…

1. „Кралот на кичот“ Мики Керол, 10 милиони фунти (“King of the Chavs”)

7 приказни за тоа како им се променил животот на добитниците на лотарија

Мики со пари и откако ги потрошил

Во 2002 година, 19-годишниот ѓубретар од Шкотска освоил 10 милиони фунти. Тој се украсил со тешки ланци и накити, купил елитна резиденција со базен која чинела 700.000 фунти и почнал да организира луди забави. Еднаш, тој и неговите другари се возеле навечер по улици и фрлале запалени челични топки со катапулт при што искршиле 32 автомобили.

Весниците го крстиле Мики како „Лотарискиот мангуп“ и „Кралот на кичот“. Но, по неколку години расипнички живот, парите се потрошиле и тој морал да ја продаде палатата за 100.000 фунти само за да си ги исплати долговите. Мики сега повторно работи како ѓубретар. Сепак, како што и самиот вели „Не се каам за ништо“.

2. „Превртениот Ромео“ Карл Кромптон, 11 милиони фунти (“Rollover Romeo”)

7 приказни за тоа како им се променил животот на добитниците на лотарија

Карл дента кога добил на лотарија и денес

Во 1996 година, Карл Кромптон освоил 11 милиони фунти и станал омилената мета на папараците. Тој личел на вистински „плејбој“ и живеел како рок ѕвезда, купувал луксузни работи и организирал луди забави. Бил наречен „Превртениот Ромео“ и станал еден од најпосакуваните ергени во Велика Британија.

Тој наверојатно ќе ги потрошел сите пари, да не му се укажела добра шанса. Карл го инвестирал остатокот од парите во недвижнини и со текот на времето го удвоил богатството. Тој е сега во брак со негова поранешна соученичка, живеат во голема куќа и многу се среќни.

3. „Тајниот милионер“ Дејвид Ешкрофт, 12 милиони фунти (“Secret millionaire”)

7 приказни за тоа како им се променил животот на добитниците на лотарија

30-годишниот Дејвид Ешкрофт кој поправал мебел станал еден од најпознатите среќници во Велика Британија од различни причини. Откако добил на лотарија во 1997 година, тој не направил ниту една промена во неговиот живот.

Единственото нешто што го направил е тоа што си купил камион за работа, приколка за неговите родители и направил некои поправки на неговиот балкон. Купил и Ферари, но им го подарил на неговите роднините. Весниците го нарекле Ешкрофт „таен милионер“ и сѐ уште внимателно го набљудуваат за да дознаат каде ги троши парите. Според најновите вести од 2013 година, тој само ги променил неговите прозорци. Ништо од лудите забави.

Продолжете на следната страница за останатите приказни…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар