7 прекрасни цитати од девојка со брада што докажуваат дека таа е феминистички херој

7 прекрасни цитати од девојка со брада што докажуваат дека таа е феминистички херој

Таа е прекрасна и однадвор и однатре. Харнаам Каур е многу повеќе од обична девојка со брада. Таа е интелектуалка, феминистка, модел и животен тренер. Се бори против менталното и физичкото насилство и говори за развивање самодоверба во сопственото тело. Ако сè уште ви треба доказ дека е навистина прекрасна, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил.

(1) 7 прекрасни цитати од девојка со брада што докажуваат дека таа е феминистички херој

Имајќи го сè ова на ум, најважното нешто за оваа 24-годишна девојка е самодовербата што ја поседува и фактот дека нема да дозволи никој да ја турне само затоа што изгледа поинаку од социјалните норми. Но, ако досега не сте знаеле, различното е убаво. Да се биде уникатен е за пофалба.

За жал Харнаам Каур се соочила со многу насилници. Таа станала свесна за својата состојба, позната како синдром на полицистични јајници кога имала само 11 години. Од тогаш, била нарекувана со сите погрдни зборови што постојат, добивала закани за смрт и била вознемирувана за својот изглед до тој степен што во еден момент размислувала за самоубиство.

(2) 7 прекрасни цитати од девојка со брада што докажуваат дека таа е феминистички херој

Порано дури и се депилирала и бричела – таа правела сè што е во нејзина моќ да ја отстрани косата од нејзиното лице. Но, за среќа Харнаам ја прифатила својата уникатна убавина и со тоа повикала среќа и позитивност во својот живот. Таа ја користи нејзината уникатност (во моментов го држи Гинисовиот рекорд за најмладата жена со брада) да создаде платформа преку светот на модата и социјалните мрежи со цел да шири самодоверба и љубов кон другите жени.

Во продолжение прочитајте ги нејзините најдобри 7 цитати, што ќе ви помогнат да го засакате вашето тело и да почнете да бидете навистина среќни во сопствената кожа… Таа ќе ве потсети дека треба да се сакате, без разлика на сè!

(3) 7 прекрасни цитати од девојка со брада што докажуваат дека таа е феминистички херој

„Мое тело, мои правила.“

„Мора да се чувствувате прекрасно. Мора да чувствувате љубов за себеси. Мора да чувствувате сочувство за себеси. Тоа ќе промени сè – секоја промена почнува внатрешно.“

„Никогаш не срамете се од личноста која сте, од љубовта што ја чувствувате за себеси, никој не може да ви го одземе тоа.“

„Никогаш не заборавајте ги моќта и силата што ги поседувате, бидејќи токму тие ќе ви помогнат да ги надминете сите препреки и да почувствувате ослободување.“

(4) 7 прекрасни цитати од девојка со брада што докажуваат дека таа е феминистички херој

„Многу луѓе сакаат да рушат силни и моќни жени. Жал ми е за нив.“

„Сакајте се со целото срце и никогаш не срамете се од начинот на кој изгледате. Вие сте направени така за да бидете совршени и ништо помалку од тоа. Вашето тело е ремек-дело, вашето тело е храм. Обожувајте го, ценете го и не дозволувајте никој да го нападне вербално или физички.“

„Како жени ние сме неверојатно отпорни, чувствителни, полни со љубов, убавина, успех и нашата кожа е толку цврста што може да ни помогне да се пробиеме низ тешките времиња со леснотија.“

(5) 7 прекрасни цитати од девојка со брада што докажуваат дека таа е феминистички херој


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар