7 предности на пријателствата со спротивниот пол

7 предности на пријателствата со спротивниот пол

Се вели дека пријателствата помеѓу мажите и жените не постојат и дека тие се всушност еден голем мит, бидејќи кога тогаш, едниот ќе развие романтични чувства кон другиот, или во најмала рака ќе почувствува физичка или психичка привлечност. Но, истражувачите на оваа тема се спротивставуваат на ваквите мислења и велат дека машко-женските пријателства се многу возможни и дека со себе носат неколку предности кои помагаат во секојдневните ситуации со кои се соочуваме. Еве неколку од овие предности кои се однесуваат на женската страна во овој пријателски однос.

7 предности на пријателствата со спротивниот пол

1. Ќе добиете машка перспектива на љубовните проблеми

Машките пријатели секогаш искрено ќе ви кажат дали го губите времето со некого или дали има потреба од грижи, а она што се крие во овие нивни совети е и решението на вашиот љубовен проблем.

2. Нема да ви недостасува смеењето во животот

Независно дали сте излезени или се допишувате со вашиот пријател, секој момент и ситуација резултира со смеење. Секој сака да се шегува и да разговара за секакви бесмислици, а токму поради тоа нема да биде возможно да останете сериозни кога сте во негово друштво.

3. Имате чувство како да имате брат со кој може да разговарате за сѐ

Во него го гледате братот кој никогаш не сте го имале. Но, со таа разлика што односот со вашиот пријател кој го гледате како брат и вистинскиот брат се и тоа како различни, бидејќи со него, освен суштинските информации, можете слободно да ги разменувате сите сочни детали од вашиот живот.

4. Со него секогаш знаете што се случува и каков е вашиот однос

Мажите не сакаат да претеруваат со игри, сплетки и непотребни анализи како нас жените. Ако нешто му смета, тој тоа ќе ви го каже директно и отворено и нема да се преправа дека сѐ е во ред. Со него секогаш знаете точно што се случува.

5. Знаете дека сте сигурни

Буквално. Вашиот пријател секогаш ќе биде тука да ве заштити од напорниот тип кој не престанува да флертува со вас, лутиот бивш дечко или кој било странец кој сака да ве искористи на некаков начин. Кога сте во друштво на вашиот пријател, знаете дека можете да се опуштите и да бидете целосно сигурни.

6. Постојано учите нови работи за кои порано не сте знаеле

Видео игри, спорт, поправање на автомобилот… Сѐ ова е само мал дел од богатствата и искуствата со кои мажите почесто располагаат отколку жените, а кои, ако имате желба, со задоволство би ви ги пренеле. Со вашиот другар речиси секој ден учите нешто ново, а и тој со вас.

7. Тој целосно ве разбира и знае точно што ви е потребно

Исто како што вашиот пријател ви дава поглед од машка перспектива, така и вие нему му давате женски поглед на неговите љубовни проблеми. Независно дали е во врска или не, тој веројатно ќе го прифати прво вашиот совет. А сигурно истото се однесува и за вас. Секое машко-женско пријателство за жените резултира со уште еден маж плус во нивниот живот, кој ги разбира женските потреби и знае како да ги задоволи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар