7 предности на оние кои редовно појадуваат

Секој од нас знае дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тој има улога на гориво кое ни помага да го издржиме темпото во напорниот ден и затоа е многу важно овој оброк да биде здрав и богат. Но, многумина и понатаму го прескокнуваат. Прочитајте ги следниве 7 причини поради кои би требало да започнете да појадувате уште денес. Еве кои придобивки ги имаат луѓето коишто редовно појадуваат.

7 предности на оние кои редовно појадуваат

1. Повитки се

Една студија од 2003 година проценила дека оние кои го прескокнуваат појадокот се за четири и пол пати посклони на дебелеење, отколку оние кои редовно појадуваат. Во истата студија, во која е следена исхраната на 499 луѓе, е откриено дека оние кои се прејадуваат за вечера и за појадок, се посклони на дебелеење.

2. Поздрави се

Една американска студија од 2003 година открила дека оние кои редовно појадуваат најчесто имаат нормално ниво на шеќер во крвта и чувствуваат помалку глад подоцна, во текот на денот. Произлегло дека оние кои редовно појадуваат имаат помал ризик од заболување од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.

3. Имаат повеќе енергија

Доколку изедете појадок богат со умерена количина влакна и јаглени хидрати, ќе се чувствувате помалку уморно во текот на денот. Обратно, масниот појадок доведува до поголем замор.

4. Имаат подобар холестерол

Оние кои го прескокнуваат појадокот имаат поголемо ниво на холестерол и послаба чувствителност на инсулин од оние кои појадуваат, открила една американска студија. Истото истражување покажало дека оние кои појадуваат внесуваат 100 калории помалку на дневно ниво, од оние кои го прескокнуваат.

5. Имаат подобро помнење

Добриот појадок може да ја подобри краткорочната меморија, тврди една студија извршена на 319 тинејџери на возраст 13-20 години. Истражувачите откриле дека висококалоричниот појадок ја ослабува концентрацијата.

6. Внесуваат повеќе хранливи материи

Луѓето кои ретко појадуваат внесуваат повеќе масти, а помалку хранливи материи како што се калциумот, калиумот и влакната, во споредба со оние кои редовно појадуваат.

7. Имаат изговор да изедат нешто здраво за појадок

Оние кои појадуваат обично јадат здрава храна – овесна каша, јајца, грејпфрут и пијат кафе. Овесната каша е добра за нормализирање на нивото на холестерол и ја подобрува меморијата и вниманието кај децата кои редовно појадуваат. Грејпфрутот содржи многу витамини Ц и А и го подобрува дејството на лековите кои се борат против ракот. Доколку за појадок изедеме јајца, ќе бидеме сити и ќе јадеме помалку во подоцнежниот дел од денот. Кафето го смалува ризикот од депресија, некои врсти на рак и дијабетес тип 2.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Јасна Reply

    Otkako pocnav da jadam sekoe sabajle imam spusteno4-5 kila za pola godina. Na nisto drugo ne pazam, ama navistina mmogu menuva

  2. Ана Б. Reply

    Јас неодамна почнав да доручкувам секое сабајле и стварно чувствувам промени. Имам многу повеќе енергија, но и многу поздрав апетит :)

  3. Васка Reply

    Дефинитивно појадокот е најбитен одброк во денот. Отсекогаш сум појадувала и никогаш не сум имапа проблеми со килажата, веројатно зошто навечер помалку ми се јаде. :)

  4. Peperutka Reply

    Kaj imate be vreme site da jadete sabajle?

    • Ана Б. Reply

      Е што бе време, за овесна каша повеќе од 10 минути не ти требаат.

Остави коментар