7 прашања кои секоја жена сака да ги слушне од својот партнер

7 прашања кои секоја жена сака да ги слушне од својот партнер

Пред судбоносното „Ќе се омажиш ли за мене?“ постои низа други прашања кои секоја жена сака да ги чуе од мажот со кој е во врска, особено кога се на почетокот и во фазата на запознавање. Сите жени сакаат да знаат дека мажот со кои се во врска сака подобро да ги запознае. Тие сакаат да бидат сигурни дека можат со нив да разговараат на овие теми, пред да почнат да размислуваат за заедничка иднина. Погледнете за кои прашања станува збор…

7 прашања кои секоја жена сака да ги слушне од својот партнер

1. „Кога би можела да одбереш да живееш каде било на светов, каде би било тоа?“

Со овие прашања може да се започне многу интересен разговор. Ослободете ја фантазијата и впуштете се во патување преку светот со мислите. Возбудливо, но и романтично.

2. „Со што се занимаваш во животот?“

Жената сака да знае дека мажот сериозно ја сфаќа нејзината работа, како и нејзините амбиции. Исто така ова прашање може да отвори и други теми, завршувајќи со разговор за тоа што и двајцата го сакате во животот.

3. „Каква си била како девојче?“

Ова прашање може да измами насмевка на лицето на голем број жени бидејќи инстантно ги навраќа во детството. Тие исто така сметаат и дека е многу слатко кога мажите се интересираат каква била жената која сакаат да ја шармираат како мала.

4. „Можам ли да ти помогнам?“

Единствената подобра работа од тоа мажот да ја праша жената дали треба да ѝ помогне при носењето кеси од маркетот е доколку нежно ги преземе од нејзините раце без воопшто да побара дозвола.

5. „Каде би сакала да отпатуваш?“

Со ова прашање мажите покажуваат дека имаат широки видици, а заклучокот дека би сакале да отпатувате на исто место може да покрене сосема нови идеи и планови за како заедно да го посетите ова место во иднината.

6. „Кој е последниот концерт кој си го посетила?“

Жените се согласуваат дека ова прашање сакаат да го слушнат многу повеќе од секојдневното „Каква музика слушаш?“ Прашањето за концертот е поспецифично, додека вашиот одговор ќе му каже многу повеќе за вас отколку само жанрот на музиката која ја слушате.

7. „Како си?“

Толку едноставно, а толку занемарено прашање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар