7 позитивни и реалистични начини да се соочите со хорорите во светот

Живееме во свет каде што тероризмот и масовните убиства се секојдневие. И колку повеќе слушате и читате за нив, толку посилна ви станува желбата едноставно да избегате од сè. Но, истовремено се прашувате и дали воопшто постои можност за ваков вид бегство. Ако самиот свет е во неволја, тогаш нема место кое е имуно на овие проблеми. Па, како да се соочите со тоа што се случува, додека истовремено останете реалистични, позитивни и со надеж за човештвото?

7 позитивни и реалистични начини да се соочите со хорорите во светот

1. Запомнете, не сте сами

Застрашувачката задача на соочување со свет кој изгледа како да се распаѓа не е нешто низ што треба да поминувате сами. Побарајте други кои се чувствуваат на истиот овој начин и наместо да се жалите или очајувате, работете заедно за да се смирите малку и утешите.

2. Потсетете се дека не сте жртва

Жртва е онаа личност која страда како резултат на настани кои се случуваат надвор од нејзината контрола. Според оваа дефиниција, вие можете да кажете дека сте жртви на она што се случува во светот. Но, ако ја промените перспективата за начинот на кој го дефинирате „светот“ и наместо целата планета, да намалите само на локалното општество, тогаш можете да создадете поразумни очекувања.

3. Информирајте се за проблемите

Обидете се да се информирате за светските проблеми (од сите гледни точки), како и за решенијата со кои во минатото се обидувале да се решат. Научете што успеало, а што не, откријте зошто настанале грешките и што би можело да се направи поинаку за да се воведат позитивни промени. Којзнае, можеби токму вие ќе наидете на идеја која ќе го смени целиот свет.

4. Сфатете дека имате моќ

Откако ќе сфатите дека не сте немоќни, во вас ќе ви се појави обновена сила и оптимизам. Препознајте ја оваа моќ која како индивидуална личност ја поседувате, и начинот на кој таа се зголемува доколку сте дел од група, па најдете креативни начини да ја искористите за општото добро. Но, внимавајте да не ве преплави моќта, бидејќи ниту една група, а уште помалку еден човек, не може да смени сè.

5. Фокусирајте ја вашата енергија

Вашите способности се ограничени, па токму затоа и мудро насочете го вниманието и енергијата на оние задачи кои можат да бидат завршени. Засега, тргнете ги настрана невозможните. Чекорете полека, од полесните кон потешките, и брзо ќе се движите нагоре.

6. Покажете емпатија кон другите

Како што учиме за проблемите во светот, така почнуваме да сфаќаме и дека многу од нив настануваат поради луѓе кои не се разбираат меѓусебно. Ние имаме тенденција да го гледаме светот од наша перспектива и да ја потврдуваме нашата историја, без притоа да ги признаеме оние со кои би можеле да не се согласуваме, не сфаќајќи дека и тие функционираат на истиот начин како и ние. Бидете отворени и чујте го нивното мислење. Којзнае, можеби ќе откриете сосема нова перспектива кон светот.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар