7 помалку познати светски чуда

Сите ние сме запознаени со големите чуда на светот, било да се остатоци од антички времиња или модерни структури. Кога ќе се спомне поимот светско чудо прво што ни паѓа на памет се пирамидите во Гиза, Таџ Махал во Индија и големиот кањон на Колорадо. Но зборот чудо, кога се работи за светските чуда, не мора да се употреби само за најголемите светски чуда. Има места во светот што се волшебни и пленат со нивната убавина, а се помалку познати. Еве листа на 7 од нив.
.

1. Манастирите Метеора во Грција

Восхитувачки, манастирите Метора се уште познати како „висечки карпи“ и претставуваат голем и значаен комплекс на православни манастири во Грција. Шест објекти, изградени на врвот на природните варовнички карпи, прават прекрасна глетка. Овие манастири се изградени меѓу планината Пинд во централна Грција и очигледно биле наменети да бидат дефанзивни објекти, бидејќи пристапот до нив е многу тежок. За да стигнете до нив потребни ви се скали или влечни лифтови. Секако во денешно време сето тоа се изведува многу полесно.7 помалку познати светски чуда

2. Оризови тераси во Филипини

На површина од преку 4.000 квадратни милји и на надморска висина од 1524 метри во планините на Ифуаго, ќе најдете нешто што локалното население го нарекува осмо светско чудо: оризови полиња во форма на слоеви, кои биле изработени рачно и ненамерно. На нив се одгледува ориз најмалку 2.000 години. Античките народи што живееле на Филипините ги изработувале овие тераси постепено, во текот на бројни генерации. Водата за наводнување се пренесува преку систем за наводнување, а се добива од локалните дождовни шуми кои се наоѓаат над нив. Луѓето денес, на нив одгледуваат и бројни земјоделски култури, а се верува дека ако може сите тераси да се подредат во една линија ќе може да се заобиколи целиот свет. Навистина неверојатно.7 помалку познати светски чуда

3. Камената тврдина Сигирија во Шри Ланка

Изградена преку 1.500 години, за време на владеењето на кралот Касапа (477-495), Сигирија уште позната како „карпата на лавот“ е древна тврдина која е сместена на островот Шри Ланка. Таа е голема туристичка атракција, која е опкружена со огромни градини и ливади. Сигирија е една од седумте светски наследства на островот вреднувана по своите фрески, слични на овие во пештерите на Ајанта во Индија. Многу историски записи укажуваат на тоа дека Сигирија функционирала како карпест манастир од 5 век п.н.е.7 помалку познати светски чуда

4. Кулата на Херкулес во Шпанија

Оваа кула се верува дека постоела од 2 век па наваму. Се претпоставува дека е изградена од римскиот инженер Севиус Лупус. Светилникот е висок 180 метри и гледа на север на атланскиот брег на Шпанија. Во 1788 година кралот Карлос VI направил фасада на кулата, која е задржана и до денешен ден. Кулата е најстариот функционален објект изграден од Римјаните.7 помалку познати светски чуда

5. Пештерите Ајанта во Махараштра, Индија

Предходно споменати во описот за Сиригија, овие пештери имаат големо религиозно и културно значење. Овие прекрасни пештери се засолниште на извонредни детални слики и мозаици што припаѓаат на Будистичката верска уметност. Пештерите биле окупирани во 2 век, а 300 години подоцна биле напуштени. Така напуштени без никакво присуство на човек стоеле 1.000 години, се додека во 1819 година еден британски офицер од армијата Мадрас не ги пронашол и тоа сосема ненадејно, додека ловел. Овој офицер Смит, со откривањето на овие пештери оставил огромно наследство за идните генерации.7 помалку познати светски чуда

6. Торун – стариот град во Полска

Торун е средновековен град, родното место на Никола Коперник. Археолозите го пресметале точното населување на овој град и тоа се случило во околу 11оо година п.н.е, додека од 7-13 век луѓето се населувале покрај течението на реката. Во 1231 година, тевтонските витези изградиле преубав замок, во близина на градот, а 30 години подоцна него го населиле францискијански монаси. Во 1280 година, градот се приклучува кон Хазанската трговска лига, со што станува важен средновековен трговски центар.7 помалку познати светски чуда

7. Баган – антички град во Бурма

Мандалај е дел од полуостровот Бурма и во него се наоѓа волшебниот антички град Баган. Тој бил антички центар на повеќе царства. Баган претставува единственото светско чудо што не припаѓа кон листата на светски наследства, бидејќи локалитетот не бил реставриран во согласност со верните архитектонски стилови. Наместо тоа биле користени модерни материјали кои не изгледале баш убаво, во целост. Како и да е, ова е помалку познато светско чудо, но вреди да се посети.7 помалку познати светски чуда


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. slavica Reply

    SIROMASNA SUM SO IZRAZI ,POLNI MI SE OCITE ,GLADNA MI E DUSATA ,SAKAM DA GI VIDAM CUDATA ,TOGAS KE PISAM

Остави коментар