7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

Корисниците на Фејсбук поминуваат повеќе од 15 часа месечно на оваа социјална мрежа. И покрај тоа што голем број луѓе сметаат дека неговата интензивна употреба е негативна, постојат неколку студии кои покажуваат дека покрај лошите влијанија, тој сепак има и добри страни.

Ја подобрува работата на вашето срце

7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

Поминувањето време на Фејсбук може да им помогне на луѓето да се опуштат така што го успорува отчукувањето на срцето и го намалува стресот, според истражување спроведено од Институтот за Технологија во Масачусетс и Универзитетот во Милано. Во оваа студија се истражувало влијанието на панорамски пејсажи, решавањето на комплицирани математички задачи и употребата на социјалната мрежа врз 30 студенти. И покрај тоа што Фејсбук го заземал второто место на листата за опуштање на студентите, сепак се покажала чудна привлечност и возбуда при неговото користење.

Може да ви помогне да пронајдете работа

7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

Голем број компании покрај класичните интервјуа и психолошки тестови за личноста, употребуваат и Фејсбук „истражување“ преку кое бараат потенцијални вработени. Тие ги проценуваат нивните вкусови за музика и книги, интереси, хоби, како и социјалноста и комуникативноста според фотографиите и постовите. Најчесто впечатокот кој се добива преку оваа социјална мрежа е многу поточен од оној кој тие го добиваат за време на интервјуто.

Ја зголемува вашата самодоверба

7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

Според неколку истражувања, поминувањето повеќе време на оваа социјална мрежа им помага на луѓето да се чувствуваат добро во својата кожа. Студија спроведена од Универзитетот Корнел, која била една од првите кои ги истражувале психолошките придобивки од користењето на Фејсбук, покажала дека доволно е да го погледнете вашиот ѕид и веднаш ќе се почувствувате посамоуверено.

„За разлика од огледалото, кое нè потсетува какви сме навистина ние и на тој начин може да има негативен ефект врз нас бидејќи не се согласува со нашите идеали, Фејсбук ни ја покажува позитивната верзија од нас, онаква каква што ние сакаме да ја видиме. Не велиме дека тој претставува лажна слика за нас, туку дека ги нагласува нашите позитивни страни,“ вели истражувачот Џефри Ханок.

Ги зголемува цените на акциите

7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

Фејсбук не само што може да биде добар за вашето физичко и ментално здравје, тој може да ви помогне и при вашите инвестиции. Една студија од Универзитетот Пејс покажала дека колку е попопуларна одредена компанија на Фејсбук, толку повисоки акции има.

Ја зголемува продуктивноста

7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

И покрај тоа што повеќето сметаат дека Фејсбук само им го одвлекува вниманието на вработените, истражувачите покажале дека вистината може да биде и сосема спротивна. Истражување спроведено од сајтот Кеас покажало дека доволна е 10-минутна пауза на Фејсбук за вработените да бидат посреќни, поздрави и попродуктивни.

„Кратки и ненаметливи паузи, како брзо „сурфање“ на интернет, му помага на мозокот да се одмори, што води до повисока концентрација во текот на денот, како и до повисока продуктивност,“ вели Брент Кокер од Универзитетот Мелбурн, Австралија.

Ви помага за добивање диплома

7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

Фејсбук може да им помогне на студентите да ја добијат дипломата која ја посакуваат. Едно истражување покажало дека студентите кои се активни на Фејсбук во помал број се откажуваат од оние кои не ја употребуваат социјалната мрежа. Ова истражување опфатило скоро 400 студенти од прва и втора година на факултет и меѓу другото се покажало и дека студентите кои се активни на Фејсбук се одликувале со повеќе ентузијазам во нивната факултетска околина.

Го подобрува вашиот љубовен живот

7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

Фејсбук дефинитивно одлично се покажал како стројник. Истражувањата покажале дека околу 60% од слободните корисници додаваат нови пријатели веднаш откако ќе ги запознаат во живо. Доколку им се допаѓа тоа што ќе го видат, 25% од нив веднаш ја контактираат личноста за која се заинтересирани преку порака или чет.

И за крај, не заборавајте дека за сè постојат граници. Фактите кои се прикажуваат во овие истражувања не треба да ве охрабрат уште повеќе да го користите Фејсбук, бидејќи на тој начин дефинитивно нема да можете да ги почувствувате неговите придобивки. Умереноста секогаш е позитивна и обидете се постојано да ја одржувате  при употребата на оваа социјална мрежа.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. hmm Reply

    Ако се користи паметно секако дека е корисен а тоа што некои го користат само за играње фарми,покер и такви срања е друго..

Остави коментар