7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидо

Јапонскиот остров Хокаидо, кој всушност е најголемиот остров од територијата на Јапонија, е дом некои ендемски видови кои не можат да се видат во други делови од светот. Сите од нив се подвидови на некои други видови кои се среќаваат и на други места, но никаде не можете да ги најдете баш онакви какви што се на Хокаидо. Седумте животни за кои ќе прочитате овде се најслатките од нив.

1. Езо момонга

Езо момонга е верверица која е типична за овој остров. Таа има големи црни очи и мали шепи. Ова животно е многу популарно во Јапонија, што дури е еден вид маскота. Неговиот лик е отпечатен на билетите за регионалната железница на островот.

7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидо

2. Шима-енага

Ова е вид врапче кое плени со својата бела боја и светло кафеавите „веѓи“.

7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидо

3. Хокаидо црвена лисица

Таа е подвид на широко распространетата црвена лисица и секако е едно од најслатките животни на островот.

7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидо

4. Хокаидо црвена верверица

Многу е слична на црвените верверици кои живеат во Азија и Европа, но оваа е посебен подвид.

7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидо

5. Езо наги усаги

Ова мало слатко зајаче без големи уши живее само во северните делови на Јапонија и на Азија. Тој е инспирација за Пикачу, познатиот лик од цртаниот филм „Покемон“.

7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидо

6. Јизуна

Јизуна е мала ласица која покрај на Хокаидо се среќава и во Сибир и Скандинавија. Таа може во зима да ја смени бојата на крзното во бела со цел да се камуфлира, но во исто време добива и неодолив изглед.

7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидо

7. Езо фукуро

Ова е подвид на Уралскиот був. За жал, тој сака да се храни со некои од животните кои можете да ги видите на сликите погоре.

7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидо

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар