7 мисловни експерименти што ќе ве натераат да се посомневате во сѐ што постои на светов

Мисловните експерименти се интересни теории и приказни што поттикнуваат на длабоко размислување. Треба навистина да се потрудите за да ги разберете и токму тоа ги прави екстремно фрустрирачки, но и екстремно забавни. Преку мисловните експерименти можеме да ја истражуваме природата на нештата со помош на нашата фантазија. Ваквите експерименти се користеле во многу различни истражувачки области, меѓу кои и во економијата, филозофијата, математиката, науката и слично. Генерално, нивната главна цел е да се донесе некаква одлука. Прочитајте за следниве 7 мисловни експерименти што ќе ве натераат да се посомневате во сѐ што постои на светов…

7 мисловни експерименти што ќе ве натераат да се посомневате во сѐ што постои на светов

1. Проблемот со возот

Овој проблем се занимава со тоа дали животот на 1 човек е исто толку важен колку и животите на 5 луѓе. Дали би дозволиле да умре 1 човек за да спасите 5-мина? Погледнете го видеото за подобро да го разберете експериментот.

2. Собата на Мери

Замислете си невронаучник по име Мери која никогаш не можела да види бои, но знаела сѐ за нив. Еден ден, од нигде никаде, таа почнала да ги гледа боите. Дали во тој случај таа научила нешто ново? Ако научила нешто ново во врска со област за која знаела сѐ, тоа докажува дека свесното искуство е важно и може да ни даде поголемо знаење. За повеќе детали, погледнете го видеото…

3. Крава во поле

Кравата на еден фармер одлутала. Кога млекарот дошол да му донесе млеко на фармерот, му кажал дека нема потреба да се грижи, бидејќи ја видел кравата во полето во близина. Иако фармерот му поверувал на човекот, сакал самиот да се увери во тоа, отишол во полето и видел нешто црно-бело во далечина. Претпоставил дека тоа е неговата крава и бил среќен што дознал дека е на сигурно. Меѓутоа, млекарот поминал низ полето пред да си замине за да се увери и ја нашол кравата скриена помеѓу дрвјата. Забележал големо парче од црно-бела хартија закачена на дрво. Тоа го видел фармерот и мислел дека е кравата. Дали фармерот бил во право кога бил сигурен дека кравата е во полето или не, бидејќи она што го гледал не било крава, но сепак неговата крава навистина била таму?

4. Парадоксот на Њукомб

Учествувате во игра заедно со еден претскажувач. Пред вас има 2 кутии. Едната кутија е проѕирна и во неа има 1.000 долари. Другата кутија е темна и во неа може да има што било, но претскажувачот веќе знае што има внатре. Мора да ја одберете или темната кутија или двете кутии. Ако претскажувачот предвидел дека ќе ги земете двете кутии, тогаш во темната кутија нема ништо. Ако претскажувачот предвидел дека играчот ќе ја земе само темната кутија, тогаш во неа има милион долари. Кој е правилниот избор? Погледнете го видеото за повеќе информации…

5. Парадоксот на близнаците

Си биле двајца идентични близнаци. Едниот близнак одлетал со ракета во вселената со брзина на светлината, а другиот останал на Земјата и го чекал братот да се врати. На Земјата времето поминува многу побавно за разлика од времето во ракетата, поради нејзината брзина. Ако самото патување траело 5 години на 99,9 проценти од брзината на светлината, на Земјата би поминале 100 години. Дали тоа значи дека братот во вселената ќе остаре само 5 години, додека, пак, другиот ќе умре на стари години?

6. Ахил и желката

Овој експеримент е покомплициран одошто изгледа. Тој објаснува како желката би можела да го победи Ахил во трка, ако ѝ биде дадена мала предност на почетокот. Погледнете го видеото за да дознаете нешто повеќе за овој експеримент…

7. Парадоксот на дедото

Овој експеримент го поставува прашањето дали патувањето низ времето може да стане реалност. Што би се случило ако некој човек се врати назад во времето пред да се родат неговите родители и си го убие дедо си? Дали ова воопшто би можело да се случи, со оглед на тоа што не би имало кој да се врати назад низ времето и да го убие дедото? Што мислите?

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте за следниве 10 психолошки експерименти кои покажуваат колку лесно се лажат луѓето.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар