7 корисни трикови кои ќе ви помогнат да направите поубави групни фотографии

Се чини дека денес фотографирањето е голем тренд. Без разлика дали е тоа роденденска забава, одредено патување, семеен собир и слично, истите не може да поминат без фотографирање. Оставете ги настрана селфи фотографиите и одлучете се за групни, а во продолжение погледнете неколку корисни совети кои ќе ви покажат како подобро да изгледате на нив.

1. Користете тајмер

(1) 7 корисни трикови кои ќе ви помогнат да направите поубави групни фотографии

Користењето тајмер е одличен начин да направите прекрасни групни фотографии. Одберете ја оваа опција на вашиот телефон или фото апарат и поставете ја на повеќе секунди, за да имате време да заземете своја позиција.

2. Распоредете ги личностите

(2) 7 корисни трикови кои ќе ви помогнат да направите поубави групни фотографии

Веќе знаете дека највисоките личности треба да бидат назад, но, бидете сигурни дека тие се правилно распоредени и дека не изгледаат „отфрлено“ од фотографијата.

3. Одлучете се како ќе ги поставите рацете и нозете

(3) 7 корисни трикови кои ќе ви помогнат да направите поубави групни фотографии

Избегнете какви било непријатности така што ќе направете говорот на телото да соодветствува со фотографирањето. Дури и да ви изгледа чудно, можете да се обидете да ги испланирате своите пози однапред. Тоа ќе ви се исплати.

4. Обрнете внимание на облеката

(4) 7 корисни трикови кои ќе ви помогнат да направите поубави групни фотографии

Доколку се фотографирате со вашата фамилија, обидете се правилно да ги одберете боите кои најмногу одговараат на секој член, при што секој од нив ќе биде задоволен од крајниот резултат од фотографирањето.

5. Направете сите личности да изгледаат послаби

(5) 7 корисни трикови кои ќе ви помогнат да направите поубави групни фотографии

Свртувањето настрана и прекрстувањето една нога преку другата, ќе го намали просторот кој го зазема личноста и таа ќе изгледа послабо.

6. Насмевката е исто така важна

(6) 7 корисни трикови кои ќе ви помогнат да направите поубави групни фотографии

Дајте им до знаење на другите дека за да изгледа фотографијата добро, потребно е тие да бидат насмеани. Покажете им дека тоа треба да биде нежна насмевка која ќе им даде природен изглед.

7. Бидете што е можно повеќе искрени

(7) 7 корисни трикови кои ќе ви помогнат да направите поубави групни фотографии

Не правете нешто што не е својствено за вас. Бидете сите искрени и не преправајте се нешто што не сте. Најубава фотографија е онаа каде што доаѓа до израз вашата вистинска личност!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар