7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

Без разлика дали го прославувате Денот на вљубените со вашиот сакан или пак го претпочитате Свети Трифун, сигурно ќе ве заинтересира фактот што 14-ти февруари е ден што не е толку морничав денес за разлика од минатото. Историските традиции за Денот на вљубените вклучуваат многу чудни суеверија и обичаи што го прикажуваат овој љубовен празник во сосема ново светло.

7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

Денот на вљубените отсекогаш се поврзувал со љубовта, врските, храната и судбината. Можете да откриете многу работи за едно општество според начинот на кој се однесуваат љубовните парови. Ако се вратиме назад низ историјата за Денот на вљубените, можеме да откриеме како настанале модерните обичаи на подарување цвеќиња, честитки и слично. Ова се 7-те најчудни традиции поврзани со Денот на вљубените што постоеле во минатото…

1. Подарете му на партнерот јајце од препелица

7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

Во средновековниот период во Европа, луѓето верувале дека на 14-те февруари сите птици го бираат својот партнер за таа година. Луѓето пишувале долги поеми за идните љубовници и ја прославувале љубовта. И храната што ја јаделе на овој ден го отсликувала тоа: Тие јаделе егзотична храна за зголемување на плодноста и убавината, од јајца од препелица па сѐ до јаболка и круши. Во Средниот век најубавиот подарок што сте можеле да му го дадете на вашиот партнер бил јајце од препелица.

2. Украсете го домот со фенери од репка

7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

Во Средниот век луѓето навистина го прославувале Денот на вљубените. Оделе на забави, се дотерувале, на облеката закачувале симболи на љубовта како што е знакот за бесконечност и ги украсувале домовите со запалени фенери. Но, нивните фенери сигурно би предизвикале големо чудење денес. Тие биле направени на тој начин што свеќите биле ставени внатре во испразнети репки. Нема поголем знак за љубовта од огнена репка!

3. Извлечете си го партнерот на лотарија

7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

Овој обичај бил преземен од старите Римјани, но се практикувал и на Британските острови во 17-ти век. Имено, луѓето организирале лотарии за Денот на вљубените. Луѓето доаѓале на забави и извлекувале имиња од еден голем сад. Името што ќе им се паднело е партнерот со кого требале да ја поминат вечерта. Картичките биле поделени според пол и секој човек можел да извлече по една, па затоа најчесто сите завршувале со 2 различни партнера што доведувало до конфузија. Најчесто, мажите завршувале со онаа жена што ја извлекле, а не обратно. Потоа, ѝ давале подароци на нивната извлечена партнерка, ја носеле картичката неколку дена закачена на облеката и овој обичај најчесто завршувал со раѓање нова љубов.

Продолжете на следната страница за останатите необични традиции…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар