7 интересни романтични традиции низ светот

Има стотици романтични традиции низ светот за кои веројатно никогаш не сте ни слушнале. За вас ги издвојуваме седумте најинтересни, кои се надеваме дека ќе ви се допаднат.

1. Љубовни катанци

7 интересни романтични традиции низ светот

Низ Европа има безброј места каде се негува традицијата на љубовни катанци. Паровите купуваат катанче, на него ги пишуваат иницијалите и потоа го заклучуваат на мост. Со ова на светот му ја покажувате вашата љубов, која се смета дека ќе остане вечна, исто како и заклучениот катанец.

2. Клупа за бакнување

7 интересни романтични традиции низ светот

Во 1912-та година, во САД, еден студент од универзитетот Сиракузи, изградил камена клупа. Со текот на времето станала место каде паровите се бакнуваат. Се смета дека сите оние кои таму ќе се бакнат, некогаш ќе се земат. Затоа, луѓето одат таму, обезбедувајќи си среќен брак и убава врска.

3. Новогодишен бакнеж

7 интересни романтични традиции низ светот

Се смета дека луѓето кои нема да се бакнат на полноќ ќе бидат осамени во текот на целата наредна година. Во Шкотска, на Нова година, која тие ја нарекуваат Хогманај, треба да се бакнете со сите присутни на забавата. Тоа е обичај кој трае со децении.

4. Љубовна колиба

7 интересни романтични традиции низ светот

Во регион на Камбоџа родителите градат љубовни колиби за нивните ќерки-тинејџерки. Кога ќе дојде време за мажење, различни момчиња влегуваат во колибата. Девојките зборуваат со сите, сѐ додека не го најдат идниот сопатник. Потоа тие подобро се запознаваат, водат љубов и бракот се остварува.

5. Група девојки

7 интересни романтични традиции низ светот

Даи луѓето од Кина ја имаат следнава традиција на додворување. Група девојки седат заедно во текот на вечерта. Од друга страна, група машки, замотани во црвени ќебиња, им приоѓаат и избираат една девојка на која ќе ѝ отпеат серенада. Ако и на неа ѝ се допаѓа момчето, таа ќе постави стол за тој да седне. Тој пак, ќе возврати на тој начин што ќе ја завитка со црвеното ќебе и така врската се смета за започната.

6. Венчални прстени

7 интересни романтични традиции низ светот

Во Чиле, не е само жената таа што носи свршувачки прстен. И двајцата носат прстени на десната рака, а откога ќе се земат ги ставаат на левата.

7. Завиткан ориз

7 интересни романтични традиции низ светот

Во Југозападна Кина, девојките готват ориз во различни бои. Мажите им приоѓаат, им пеат серенада, а тие на тоа одговараат со подавање на парче платно во кое има завиткано ориз. Она што е внатре заедно со оризот, го дава одговорот. Две стапчиња за јадење ориз значат дека ѝ се допаѓа, едно стапче дека љубезно го одбива, а чешне лук дека едвај чека да го откачи.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар