7 интересни факти за делфините

Делфините се популарни поради нивната секогаш очигледна желба за играње и забава. Ретко кое животно е толку пријателски настроено спрема околината и затоа не е чудно што е толку лесно човек да ги сака. Еве уште неколку факти за зацврстување на таквиот став.

7 интересни факти за делфините

Се спријателуваат со други животински видови. Ние не сме единствените кои лесно се спријателуваат со кучињата. И делфините и кучињата се познати по своите пријателски квалитети, па не е чудно што постојат случаи во кои пријателството го делат меѓу себе. Исто така, научниците често пати се сведоци на игри помеѓу делфини и китови, па дури и на случај во кој делфин е посвоен од страна на китови.

Им помагаат на повредените делфини. Тие се добри пријатели со другите видови, но никогаш не ги забораваат ниту своите роднини. Во повеќе наврати се забележани како се враќаат на местата каде што имало повредени делфини трудејќи се да им помогнат.

Знаат да побараат помош. Делфин им пристапил на неколку нуркачи во Хаваи давајќи им до знаење дека му треба нешто. По некое време тие забележале дека тој има проблем со рибарска мрежа. Нивната интелигенција е доволно голема за да побараат помош кога им е потребна.

7 интересни факти за делфините

Знаат да подаруваат. Во Австралија се забележани најмалку 23 случаи во кои делфините им носат некакви подароци на луѓето кои им се восхитуваат покрај брегот. Тоа воглавно биле мртви морски животни, но и тоа е некаков подарок.

Тие се спасувачи. Има многу приказни за тоа како делфини спасиле луѓе на отворено море, но малку се знае за тоа дека тие се исто толку наклонети и кон другите морски видови.

Им помагаат на рибарите. Слично како што некогаш во Дојран рибарите ловеле риба со помош на кормораните, така денеска рибарите во Лагуна, Бразил, ја користат помошта од делфините. Тие ги бркаат рибите накај рибарите, а ним потоа им е многу лесно да го уловат пленот по кој дошле.

Знаат да се забавуваат. Ова е факт кој веќе сите добро го знаете. Тие се добри акробати под и над вода и уживаат да го изведуваат сето тоа, оставајќи впечаток дека го ценат животот и уживаат во сопственото постоење.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар