7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануари

7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануари

Тие се првите бебиња родени во новата година и иако тоа не мора да значи дека се најдобри, сепак, овие зимски деца имаат предиспозиции да станат славни и успешни во животот. Прочитајте ги следниве 7 необични, но фасцинантни факти за луѓето родени во јануари…

7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануари

1. Постои голема веројатност дека ќе станат доктори

Ако сакате да имате доктор во семејството и очекувате детето да биде родено во јануари, тогаш најверојатно желбата ќе ви се исполни. Според статистичките податоци во Велика Британија, кај луѓето кои се родени во јануари постојат големи шанси дека ќе станат доктори.

2. Нивниот скапоцен камен според месецот на раѓање е гранат

Иако овој скапоцен камен најчесто се јавува во црвена боја, сепак може да се најде и во многу други нијанси. Дали сте знаеле дека порано гранатите се користеле во медицинската терапија за заштита од кошмари? Секако дека не постојат научни докази за ефективноста на овој лек, но нема да изгубите ништо доколку ставите гранат покрај вашиот кревет.

7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануари

3. Во хороскоп се или Јарци или Водолии

Јарците се многу трпеливи, амбициозни и лојални. Од друга страна, пак, Водолиите се независни, паметни и креативни. Со други зборови, и двата хороскопски знака се одлично друштво!

4. Постојат големи шанси дека ќе станат славни

Зошто да бидат доктори кога можат да бидат познати ѕвезди?! Според едно неодамнешно истражување, славните луѓе најчесто се родени во знакот Водолија.

7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануари

5. Склони се на алергии на храна

Иако гените играа голема улога кога станува збор за алергии, некои истражувања откриле дека повеќето деца кои биле алергични на некаква храна биле родени во зима. Сѐ уште не е откриена точната причина на ова, но научниците претпоставуваат дека тоа се должи на идните мајки и нивната намалена изложеност на витаминот Д.

6. Нивниот цвет според месецот на раѓање е каранфил

Сакате да го изненадите вашиот пријател роден во јануари со совршен букет? Нема да погрешите доколку одберете каранфили! Розовите каранфили симболизираат приврзаност, а црвените љубов.

7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануари

7. Многу успешни личности се родени во јануари

Бебињата родени во јануари го делат нивниот роденден со многу интересни луѓе, меѓу кои се Кејт Мидлтон, Елен Деџенерис и Опра.

Луѓето родени во јануари се навистина неверојатни, а доказ за тоа се и следниве 8 квалитети што ги поседуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар