7 брилијантни начини како да гo излажете вашиот мозок и да бидете посреќни

Нашиот мозок е способен да направи навистина неверојатни нешта, иако многу од неговите можности сè уште остануваат мистерија. Денес научниците откриваат сѐ повеќе и повеќе тајни за неговото функционирање, па дури откриле начини како да го „излажеме“ со цел да извлечеме нешто повеќе од него. Овие начини работат одлично и можат да бидат многу корисни во секојдневниот живот. Прочитајте неколку од овие остроумни трикови.

1. Музиката го зајакнува имунолошкиот систем

7 брилијантни начини како да гo излажете вашиот мозок

Пред многу години, едно истражување покажало дека музиката го намалува нивото на хормонот за стрес – кортизол. Но, уште поизненадувачки е што таа има способности за исцелување. Нашето тело е тесно поврзано и зависно од хемиските реакции во мозокот. Пример, кога ја слушаме нашата омилена музика, ни се намалува нивото на стрес, па оттаму нашето тело произведува повеќе антитела за борба против болестите.

2. Мора да се смеете за да се расположите

7 брилијантни начини како да гo излажете вашиот мозок

Јавна тајна е тоа дека нашиот израз на лицето влијае врз нашето расположение, но не и обратно. Ако среќни заминете на прошетка, но поради силното сонце морате да мижуркате и да го кривите лицето, тогаш можете и да почувствувате тага. Истото важи и за обратната ситуација. Ако не сте во добро расположение, обидете се да држите молив со вашите заби. Тоа ќе ги активира мускулите кои нормално се активираат при смеење и ова ќе го излаже вашиот мозок кој ќе направи да се чувствувате среќно.

3. Гестикулацијата ѝ помага на меморијата

7 брилијантни начини како да гo излажете вашиот мозок

Психолозите од Универзитетот во Манчестер тврдат дека активното гестикулирање помага при меморирањето и репродуцирањето на информациите. Многу често гестикулациите се поврзани со она што личноста го зборува во моментот. Секако, овие сличности се многу релативни, но и покрај тоа дефинитивно функционира.

4. Ушите различно ги доживуваат звуците

7 брилијантни начини како да гo излажете вашиот мозок

Митот за десната и левата мозочна хемисфера беше разоткриен многу одамна. Во секој случај, оваа теорија објаснува како ги толкуваме звуците. Нашето десно уво подобро ги перципира звуците од говорот, додека нашето лево уво е почувствително на звуците од музиката. Поради тоа, кога некој говори свртете се кон него со десната страна, а кога ќе слушнете мелодија свртете се кон изворот со левата страна.

5. Место за паметење

7 брилијантни начини како да гo излажете вашиот мозок

Ова е само уште еден начин како полесно да ги меморирате информациите. Во вашата глава треба да создадете слика од кое било место каде што ќе чувате различни нешта кои се поврзани со вас. Трикот е во тоа што вашиот мозок не се фокусира на зборот, туку му назначува некоја светла слика. Мозокот многу полесно ќе може да ја препознае оваа слика, отколку кој било факт или број.

6. Ганцфелдов ефект

7 брилијантни начини како да гo излажете вашиот мозок

Ганцфелдовиот ефект или ефектот на „комплетно поле“, оригинално бил измислен за истражување на способностите на видовитите луѓе. Во Ганцфелдовиот експеримент, личноста има преполовени пинг-понг топчиња на очите, носи слушалки низ кои се емитува бел шум и пред лицето има извор на светлина. Поради долгиот период на изложеност на хомогена боја и поле на звук, се испраќа информација до мозокот да почне да ги игнорира боите и шумот и ова предизвикува целосна изолација. Научниците велат дека оваа состојба води до откривање на психичките способности на личноста.

7. Намалете ја болката со користење на двоглед

7 брилијантни начини како да гo излажете вашиот мозок

Научниците од Универзитетот Оксфорд преку експеримент докажале дека чувството на болка може да се намали ако повредениот дел од вашето тело го гледате низ двоглед свртен наопаку. Повредата станува помала и поради тоа вашиот мозок автоматски ја намалува болката.


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар