66-годишна жена е светски шампион во танцување на шипка

Грета Понтарели не е обична жена во нејзините шеесетти години. Спротивставувајќи ѝ се на нејзината возраст, таа започнала да тренира танцување на шипка кога имала 59 години и брзо станала интернационална сензација. Грета, која годинава полни 66 години, главно се натпреварува во категории над 40, 45 и 50 години.

„Доколку го внесете вашето срце во нешто, вие ќе можете да продолжите“, вели таа. „Сакам да видам колку далеку ќе стигне моето тело. Сакам да видам колку далеку може да ме однесе.“

66-годишна жена е светски шампион во танцување на шипка

А телото на Грета ја однесе многу далеку! Таа тренира секој втор ден, по два часа, и ги инспирира и другите да живеат без ограничувања.

„Луѓето ми праќаат електронски пораки постојано – понекогаш тоа дури и не е за танцувањето на шипка!“, вели Грета. „Понекогаш тие велат: ‘Сега трчам околу 8 километри на ден поради тебе’, или ‘Ти ги отстрани сите мои изговори за да не вежбам’.“

66-годишна жена е светски шампион во танцување на шипка

Кога станува збор за недоразбирањата околу танцувањето на шипка, Грета вели дека не зависи од тоа дали сте секси.

„Кога започнав, не ни знаев што е стриптизерска шипка!“

66-годишна жена е светски шампион во танцување на шипка

Погледнете го видеото за да видите како изгледа оваа прекрасна жена која инспирира многу луѓе ширум светот.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар